Свет
Русите користат забранета муниција?
На социјалните медиуми се појави видео, кое наводно прикажува воздушни напади врз украинскиот град Краматорск, кој се наоѓа во источна Украина.
Oleksiy Biloshitskiy reports that the #Russian occupiers had recorded another use of banned phosphorus ammunition in #Kramatorsk. pic.twitter.com/h2A8YZz7wQ
— NEXTA (@nexta_tv) March 22, 2022
Се појавија и други извештаи дека руските сили наводно користеле забранета муниција со фосфор во областа.
Russian strikes in Kramatorsk. https://t.co/sVPmVAAdcE pic.twitter.com/GPygZuzwfe
— Rob Lee (@RALee85) March 22, 2022
Претходно, Кремљ соопшти дека Русија ќе употреби нуклеарно роужје, само ако биде загрозено нивното постоење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко помилува 32 затвореници осудени за екстремизам
Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 32 лица што беа во затвор поради екстремизам, пренесе агенцијата „Белта“.
Меѓу помилуваните има 24 мажи и осум жени, а според белоруската новинска агенција, сите ја признале вината и побарале помилување од претседателот.
Како што се наведува, 17 помилувани се со хронични заболувања, еден е инвалид, девет се на возраст над 50 години, а 17 имаат деца.
Свет
Итно хоспитализиран: шефот на Светската здравствена организација заврши во болница
Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус, е хоспитализиран во болницата „Самаритано Бар да Тијука“ во Рио де Жанеиро, пренесува локалниот весник „О Глобо“. Тедрос побарал лекарска помош поради симптоми на лавиринтитис и хипертензивна криза откога покажал знаци на болест за време на самитот на Г20.
Лавиринтитис е воспаление на лавиринтот, системот исполнет со течност во внатрешното уво, а вестибуларниот невритис е воспаление на вестибуларниот нерв. И двете состојби вклучуваат воспаление на внатрешното уво, каде што лавиринтите, кои го содржат вестибуларниот систем, откриваат промени во положбата на главата или движењето на главата.
Тедрос побарал лекарска помош откога почнал да покажува знаци на овие здравствени проблеми за време на самитот на Г20.
Хипертензивната криза е итна, често опасна за живот состојба, придружена со симптоми и знаци на акутно оштетување на срцето, мозокот, бубрезите или очите. Во основата на нарушувањето е тешката малигна (забрзана) хипертензија предизвикана од ненадејно критично зголемување на крвниот притисок над 180/110 mm Hg.
Свет
Напад со возило во Пакистан, убиени најмалку осум шиити
Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени кога патнички возила со шиитски муслимани беа нападнати во северозападен Пакистан.
Нападот се случи во областа Курам во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, каде што во последните месеци се водат судири меѓу сунитското мнозинство и шиитското малцинство, при што во некои инциденти загинаа десетици луѓе, пренесе АП.
Претставникот на локалната полиција ,Нусрат Хусаин, рече дека возилата со патници патувале од Парачинар кон Пешавар кога отвориле оган.