Свет
Русите му порачаа на Ердоган: Не можеме да ви гарантираме безбедност

Русија не може да гарантира безбедност за турската авијација во Сирија по одлуката на сириските власти за затворање на воздушниот простор над Идлиб.Ова го изјавил на брифинг раководителот на Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија, Олег Журављов.
„Со оглед на ескалацијата на ситуацијата во воздушниот простор над провинцијата Идлиб, сириските власти беа принудени да го затворат. Во овие услови, командата на руските сили не може да ја гарантира безбедноста на турската авијација над Сирија“, изјавил тој како што пренесува Спутник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Зеленски може да ја заврши војната речиси веднаш ако сака

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на три и полгодишниот конфликт со Русија.
„Претседателот на Украина, Зеленски може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш ако сака, или може да продолжи да се бори. Нема враќање на Крим што го даде Обама (пред 12 години, без испукан куршум, и УКРАИНА НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат!!!“, напиша Трамп.
Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф изјави за Си-ен-ен во неделата дека Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се согласиле за време на нивниот состанок во Алјаска во петокот за „силни безбедносни гаранции“ за Украина, додавајќи дека гаранциите се „пресвртница“.
Тој, исто така, рече дека Русија направила територијални „отстапки“ во врска со пет украински региони, пред состанокот меѓу Зеленски и европските лидери во Белата куќа во понеделник.
„Русите направија некои отстапки „на масата“ (во Алјаска во петокот) во врска со сите пет региони (на источна Украина). Се води важна дискусија за Донецк и што ќе се случи таму“, рече Виткоф.
Свет
Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време (19:15 часот по македонско време) во Белата куќа, извести Белата куќа во соопштение за медиумите во недела. Трамп ќе учествува на мултилатерален состанок со европските лидери кои исто така пристигнуваат во Вашингтон, во 15:00 часот по локално време.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева оти „заедничките сили“ на Украина со американските и европските колеги ќе ја принудат Русија да склучи мир.
I have already arrived in Washington, tomorrow I am meeting with President Trump. Tomorrow we are also speaking with European leaders. I am grateful to @POTUS for the invitation. We all share a strong desire to end this war quickly and reliably. And peace must be lasting. Not…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 18, 2025
„Благодарен сум на претседателот на Соединетите Американски Држави за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, по пристигнувањето во Вашингтон.
„И се надевам дека нашите заеднички сили со Америка и нашите европски пријатели ќе ја принудат Русија да склучи вистински мир“, рече тој.
Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.