Европа
Русите: Соборивме американски ракети над Крим
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/Screenshot-2024-05-13-231040.jpg)
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините воздушни сили уништиле 10 американски ракети со долг дострел од типот ATACMS, кои украинската армија ги лансира во текот на ноќта на Крим.
Министерството не соопшти дали има штета, но гувернерот на кримското пристаниште Севастопол, назначен од Русија, изјавил дека остатоци од проектил паднале на станбена зона. Според првичните информации, никој не е повреден, изјави гувернерот Михаил Развозаев.
Русија илегално го анектира Крим пред точно 10 години. Неодамна Москва често тврдеше дека Украина почнала да ги користи ракетите ATAMCS, без притоа да презентира никакви докази.
Вчера, американски официјален претставник изјави дека ATACMS и системите за противвоздушна одбрана одобрени од Џо Бајден на 24 април веќе стигнуваат до украинските сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/shahed-136-dron00002-830x0.jpg)
Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Петнаесет беспилотни летала се соборени над Курска област, девет над Липецка, по четири над Воронешка и Брјанска и по два над Орловска и Белгородска, посочи Министерството во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Европа
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/isceznata.jpg)
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.
Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.
Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.
Грчките власти пред неколку дена известија дека трагаат по девојчето Константина-Ирини Р.(16), кое исчезна од предградието Ахарнес во Атина.
Според грчките медиуми, девојчето последен пат била видена во неделата на 16 јуни во вечерните часови.
Европа
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/jak-130-rusko-solsko-letalo-2.jpg)
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм.
„Меѓу жртвите има и две деца. Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим.
Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот