Свет
Русија го нападна Киев со дронови: се слушнаа експлозии, погодена е „витална инфраструктура“
Во последните руски напади врз Киев и неговата околина утринава била погодена „витална инфраструктура“, соопштија украинските власти додавајќи дека системите за противвоздушна одбрана уништиле околу 15 од 20-те беспилотни летала насочени кон главниот град.
Русија употреби околу 35 беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство во нападите во Украина утринава, од кои 30 беа уништени, соопштија од украинските воздухопловни сили. Вооружените сили на Украина соопштија дека беспилотните летала биле лансирани од источниот брег на Азовското Море.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека, според првичните информации, нема загинати или повредени во нападот на главниот град на Украина, а медицински тимови се на местата на нападите во областите Соломјанск и Шевченки, пренесува „Ројтерс“.
Several loud blasts heard early on Monday in Kiev and the region that surrounds the Ukrainian capital, as Russia’s offensive enters its 298th day
Follow our live coverage:👇 pic.twitter.com/CwzqYOtqju
— TRT World Now (@TRTWorldNow) December 19, 2022
Од нападот на главниот град оштетени се витални инфраструктурни објекти, објави Кличко на „Телеграм“.
Во Киев беа воведени итни прекини на струја по напад на руски дрон, во кој беше оштетена инфраструктурата, објави операторот ЈАСНО.
Украинската противвоздушна одбрана денеска собори девет беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство лансирани од руските сили, соопшти денеска градската управа на Киев на „Телеграм“.
Шефот на Киевската регионална воена администрација, Олексиј Кулеба, рече дека во нападот биле оштетени инфраструктурни објекти и приватни куќи. Во Киев и неговата околина се слушнале неколку експлозии, а според очевидци, пожарот избувнал во централниот кварт Шевченки.
ЗНИЩЕНО ТРИДЦЯТЬ “ШАХЕДІВ”
У ніч з 18 на 19 грудня 2022 російські окупанти атакували Україну дронами-камікадзе іранського виробництва «Shahed-136/131».
Загалом виявлено близько тридцяти п’яти баражуючих боєприпасів. pic.twitter.com/ykAUgc4yya
— Генеральний штаб ЗСУ (@GeneralStaffUA) December 19, 2022
Областа Соломјанск во западниот дел на Киев е фреквентен сообраќаен центар, каде што се наоѓаат железничката станица и еден од двата патнички аеродрома во градот.
Зеленски повторно ги повика западните сојузници во неделата да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина по неколкунеделните руски воздушни напади насочени кон електроенергетската мрежа на земјата, која е зафатена од студена зима, според „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.
Свет
(Видео) Израелската армија објави снимка од нов голем напад врз Техеран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка од воздушен напад врз, како што наведуваат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран.
На видеото се гледа уништување на две згради во иранската престолнина.
Претходно, војската соопшти дека спроведува бран обемни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“.
צפו בתיעוד ראשון מהמטס הרחב של חיל האוויר בלב טהראן
מצורף תיעוד מהדקות האחרונות של השמדת מפקדה של משטר הטרור האיראני בלב טהראן pic.twitter.com/jGSpx0oo2Y
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 1, 2026
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА

