Европа
Русија го прогласи Навални за терорист

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор една година, е вклучен на листата на терористи и екстремисти на руската служба за финансиски мониторинг „Росфинмониторинг“, која е задолжена за борба против перење пари и финансирање тероризам.
На списокот се најде и една од неговите соработници Љубов Собол, која побегна во егзил пред да биде кривично гонета.
Покрај организацијата на Навални која беше забранета во јуни на списокот се додадени уште најмалку девет лица поврзани со неговото движење. Во средината на јануари, на списокот беа додадени двајца од главните соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои живеат во егзил.
Списокот вклучува илјадници луѓе и стотици исламистички, религиозни и ултранационалистички организации забранети во Русија, како што се талибанците и Исламската држава.
Навални беше уапсен на 17 јануари минатата година во Москва, откако се врати од лекување во Германија по тешкото труење во август, за кое го обвинува рускиот претседател Владимир Путин. За измама е осуден на две и пол години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тие му се заканија на претседателот Владимир Путин со нови „масивни“ санкции доколку не се придржува до договорот.
ЕУ му постави ултиматум на Путин да се согласи на 30-дневен прекин на огнот од полноќ или да се соочи со значително построги санкции. Кина, исто така, го поддржа планот.
Русија не се огласи по ова прашање до полноќ.
Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.
Европа
Русите лансираа 108 дрона врз Украина

Русија лансира 108 дрона во Украина преку ноќ и погоди цивилен товарен воз повредувајќи го машиновозачот, соопштија украинските власти, откога европските лидери му се придружија на претседателот Володимир Зеленски во повикот за 30-дневен прекин на огнот од понеделник.
Украинската воздушна одбрана уништи 55 беспилотни летала лансирани од Русија од 23 часот во неделата, соопштија украинските воздухопловни сили преку апликацијата за пораки „Телеграм“. Во нападот беа вклучени и 30 дрона, кои беа изгубени по патот не погодувајќи ништо. Беспилотните летала беа соборени во источниот, северниот, јужниот и во централниот дел на Украина, соопштија воздухопловните сили.
Машиновозачот на цивилен товарен воз е повреден во напад со беспилотно летало врз железничката инфраструктура во источниот регион Донецк, соопштија украинските железници.
„Предлозите за прекин на огнот се игнорираат, непријателските напади врз железничката инфраструктура… продолжуваат“, соопштија украинските железници, „Укрзализница“ во објава на „Телеграм“. Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече барањата за прекин на огнот ултиматуми и за возврат предложи директни разговори со Украина со цел да се стави крај на војната в четврток, иницијатива прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп.