Контакт

Свет

Русија почна истрага за хоспитализацијата на Навални

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи на Русија почна прелиминарна истрага за хоспитализацијата на лидерот на опозицијата Алексеј Навални, соопшти Министерството.

dobivaj vesti na viber

„Во моментот истражителите од сообраќајната управа на руското Министерство за внатрешни работи за сибирскиот сојузен округ спроведуваат прелиминарна истражна постапка, што беше иницирана од западносибирското Обвинителството за транспорт во согласност со утврдената постапка на хоспитализација на Алексеј Навални во Омск на 20 август“, изјави извор за ТАСС.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е заинтересирана да ја утврди причината за состојбата на Алексеј Навални, кој е сместен во болница во Берлин и се наоѓа во индуцирана кома, а неговите приврзаници тврдат дека тој е отруен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Претседателот на Колумбија: Зеленски дозволи да го манипулираат Западноевропејците

Објавено пред

Колумбискиот претседател го критикува планот на Украина да го потпише договорот за минералите со Соединетите Американски Држави нарекувајќи го тоа глупост на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

„Глупоста на Зеленски, јасно го кажувам ова, е тоа што дозволи да биде манипулиран од Западноевропејците, кои не знаат каде одат – кон Хитлер или кон ништо. Тие се борат со своите браќа Словени и на крајот им ја даваат Украина на Американците. Глупост“, напиша Густаво Петро на мрежата „Икс“ со веста за потенцијален договор меѓу Киев и Вашингтон.

На 3 февруари американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е заинтересиран за ретки минерали од Украина. Тој додаде дека војната во Украина мора да заврши и дека САД мора да добијат нешто за возврат доколку продолжат да му помагаат на Киев.

Вчера, тој рече дека слушнал оти Зеленски ќе дојде в петок. Тој посочи дека е отворен за состаноци додека траат преговорите. „Слушнав дека доаѓа в петок. Секако, добро е ако сака да потпише. Разбирам дека тоа е голема, многу голема работа“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Прикажи повеќе...

Свет

Макрон ги извести членките на ЕУ за разговорот со Трамп

Објавено пред

Фрнцускиот претседател Емануел Макрон ги информира другите лидери на земјите членки на ЕУ за неговата посета на Вашингтон како дел од подготовките за вонредниот самит следната недела.

dobivaj vesti na viber

„Многу успешна подготовка за вонредниот самит на 6 март, на кој ќе одлучиме за поддршка на Украина и зајакнување на европската одбрана“, најави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, по видеоконференцијата на која присуствуваа лидерите на сите 27 земји членки и претседателот на Европската комисија.

Коста свика вонреден самит за следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и европската безбедност.

Францускиот претседател Емануел Макрон три часа разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот во Вашингтон.

По средбата, тој изјави дека постигнувањето мир во Украина не смее да значи предавање на Киев и инсистира на потребата од безбедносни гаранции за да се избегне Русија да продолжи со нападот.

И покрај големите разлики во мислењата со домаќинот на американскиот претседател Доналд Трамп, Макрон рече дека е убеден оти постои пат да се стави крај на војната во Украина.

Британскиот премиер Кир Стармер в четврток во Вашингтон ќе се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп.

Потоа Стармер ќе ги собере лидерите на неколку земји членки на ЕУ во Лондон и ќе ги извести за разговорот со Трамп.

Европската Унија и Обединетото Кралство, кое ја напушти ЕУ пред пет години, работат на заеднички план за одбрана на континентот.

Прикажи повеќе...

Свет

Француски научници признаа дека го нападнале рускиот конзулат во Марсеј

Објавено пред

Лицата осомничени дека фрлиле „молотови коктели“ кон рускиот конзулат во Марсеј се научници од францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS), објави локалниот весник La Provence повикувајќи се на неименувани извори.

dobivaj vesti na viber

Според окружниот обвинител Николас Бесон, двајца уапсени, инженер и хемичар на возраст меѓу 40 и 50 години, признале дека го извршиле нападот користејќи импровизирани експлозивни направи.

Научниците не само што ги признаа фактите објаснувајќи дека дејствувале во поддршка на украинската кауза туку и детаљно го опишале нивниот начин на работа, рече изворот.

Според францускиот кривичен закон, тие се соочуваат со 10 години затвор доколку бидат осудени за оштетување имот со експлозиви.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Матичните штрајкуваат поради измените во „Мој термин“, од МЗ велат дека верификувањето на телефонскиот број на пациентите е еднократно

Матичните лекари денеска одржаа едночасовен предупредувачки штрајк поради новите измени во системот „Мој термин“. Претседателката на Здружението на приватни матични...

Македонија42 минути

Ме обвинуваа дека сум анти-Америка, а сега им пречи што имаме одлична соработка со администрацијата на Трамп, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека СДСМ немаат кридибилитет да зборуваат за надворешната политика, по понижувањата на коишто ја изложија државата....

Македонија1 час

Филипче за резолуцијатa во ОН: Владата ја води надворешната политика без компас и стратегија

Конфузна, импровизирана и без компас е надворешната политика што Владата ја води по последните случувања во Обединетите нации поврзани со...

Топ2 часа

Тинејџер од Куманово со „ауди“ се заби во бетонска ограда од куќа, тешко повреден

На регионалниот пат кон Матечје, Липково, 16-годишен кумановец возејќи „ауди“ удри во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни...

Македонија2 часа

(Видео) Пред Кривичен се бара правда за Феликс: Држава што не превенира и не санкционира охрабрува насилство!

Пред Кривичниот суд во тек е протест на кој се бара правда за кучето Феликс, кое беше претепано со метална...

Македонија4 часа

Македонија е делумно слободна земја, според извештајот на „Фридом хаус“

Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно...

Свет4 часа

Излегуваат детали за клучниот договор меѓу Украина и САД

Киев се согласи со условите на договорот за минерали за ретки земји со САД и украинскиот претседател Володимир Зеленски би...

Свет6 часа

(Видео) Речиси цело Чиле остана без струја: сообраќајот во колапс, воведен полициски час

Напојувањето е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја, јавува Би-Би-Си. Прогласена...

Свет7 часа

Хамас и Израел се договорија за размена на затвореници и тела на заложници

Хамас објави дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата...

Европа7 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата руска рафинерија на Црното Море со дронови, објавени снимки

Украина го нападна јужниот руски регион Краснодар со голем број беспилотни летала во текот на ноќта, оштетувајќи неколку куќи, вклучително...

Свет7 часа

Трамп и Зеленски се договорија, ќе потпишат в петок

Украина постигна договор со САД за експлоатација на нејзините клучни минерални ресурси, потврди извор од украинската влада за „Скај њуз“....

Регион18 часа

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема...

Македонија20 часа

Владата усвои предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, a истиот, по завршување на владините...

Македонија22 часа

Маркетите ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите

Маркетите отсега ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите, со најновите измени на Законот за заштита на...

Македонија1 ден

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата...

Македонија1 ден

Maкедонската Влада во ОН беше усогласена со САД, Мицкоски ја унапреди соработката, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, а СДСМ во очај и љубоморат на сопствената држава, реагира...

Свет1 ден

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла...

Македонија1 ден

Меџити за обвинувањата: СДСМ и ДУИ се синхронизирани, не може административна работа да се прикаже како голем скандал

СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се. Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем...

Македонија1 ден

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б. Ф. во својство на сопственик и...

Македонија1 ден

Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи...