Европа
Русија: Ненадеен напад на наша територија, се слушаат експлозии и пукотници, Украинците држат заложници
Група украински диверзанти денеска упадна на територијата на областа Климовск во областа Брјанск во Русија, соопшти гувернерот Александар Богомаз.
Тие отвориле оган врз автомобил, при што убиле маж и раниле десетгодишно дете. Детето е префрлено во болница и му е укажана потребната помош.
Гувернерот додаде дека во областа се спроведуваат сите неопходни мерки за ликвидација на диверзантите.
Вооружените сили на Украина извршија уште еден напад врз областа Климовски. Во напад со дрон опожарена е куќа во селото Сушани. Службите за итна помош се на терен.
Од минофрлачи било нападнато и селото Ломаковка во општинскиот округ Стародуб. Во нападот нема жртви, а оштетени се две домаќинства. Службите за итна помош се на терен.
Како што изјави портпаролот на итната помош за „Спутник“, неколку лица биле земени како заложници во селото Љубечане во областа Брјанск, пренесе „Новости.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Демонстрантите во Грузија фрлија огномет кон полицијата, објавена снимка
Во главниот грузиски град Тбилиси веќе четири ноќи по ред се водат жестоки судири меѓу полицијата и проевропските демонстранти, кои не се задоволни од одлуката да се одложи дебатата за пристапување на земјата во Европската Унија.
The Moscow puppet government in Georgia decided to attack pro-democracy protestors with water cannons, pepper spray, tear gas, and rubber bullets, the protestors responded with the equivalent of a fireworks mini gun. #georgiaprotests pic.twitter.com/oAJN5FOVtt
— Anonymous (@YourAnonCentral) November 30, 2024
Демонстрантите фрлаат „молотови коктели“ и огномет врз полицајците. Исто така, тие поставија барикади на улиците, а потоа ги запалија. Полицијата реагира со солзавец и водни топови.
Протести се одржуваат и во други градови во Грузија. Судирите – и продлабочената политичка криза меѓу националистичката конзервативна влада и проевропската опозиција – се закануваат да ја поделат земјата. Европската Унија би можела да воведе санкции поради последните настани во Грузија, изјави вчера новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
„Јасно е дека употребата на насилство врз мирните демонстранти не е прифатливо и (грузиската) влада треба да ја почитува волјата на грузискиот народ, но и грузискиот Устав“, рече Калас за време на посетата на Киев.
Европа
(Фото) Едно лице загина, три повредени во руски напад врз Тернопил
Едно лице загина, три се повредени како последица на ноќниот напад на Русите врз регионот Тернопил, извести Министерството за внатрешни работи на Украина.
„Во текот на ноќта, непријателот со дрон нападна станбена зграда во Тернопил, што предизвика пожар од големи размери.
Околу 100 жители на зградата се евакуирани. Исто така, од бранот експлозија оштетени се и прозорци на соседните згради, училиште и 20 автомобили“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина.
Европа
(Видео) Шолц пристигна во Киев со специјален воз, најави голема испорака на оружје
Германскиот канцелар Олаф Шолц утрово пристигна во Киев за прв пат по две и пол години на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини.
Scholz in der #Ukraine eingetroffen. pic.twitter.com/34D8htKFiu
— Markus Preiß (@markuspreiss) December 2, 2024
По неговото пристигнување, германскиот лидер најави дополнителни испораки на оружје во вредност од 650 милиони евра до крајот на декември за одбрана на Украина од Русија. „Би сакал јасно да кажам дека Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа“, рече Шолц, кој во главниот град на Украина пристигна со специјален воз.
Последната посета на Шолц на таа земја беше во јуни 2020 година.