Свет
Русија и Америка во заедничка мисија на Венера
Русија постигна договор за истражување на планетата Венера во заедничка мисија со САД, изјави шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин.
„Со Американците се договоривме за заедничка мисија на Венера“, рече Рогозин, додавајќи дека заедно полесно ќе го прифатат предизвикот и од економска и од техничка гледна точка.
„Ваквите проблеми полесно се решаваат заедно со користење на талентите на нашите научници“, рече Рогозин, но не прецизираше кога мисијата би можела да биде лансирана.
Најблискиот планетарен сосед на Земјата, Венера е слична по големина на нашата планета, но нејзината површина е обвиткана со густи облаци, а поради катастрофалниот ефект на стаклена градина на површината е неколку стотици степени Целзиусови.
Русија првично најави мисија на Венера минатата година, со прелиминарни датуми на лансирање помеѓу 2027 и 2029 година. Неодамна, Обединетите Арапски Емирати, исто така, објавија намера да ја истражат планетата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

