Свет
Русија објави четири услови за прекин на огнот во Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/557caa93-4e4e-4b8b-83e8-51c5661eb922-1.jpg)
Висок функционер на руското Министерство за надворешни работи објави четири услови за завршување на војната.
„Руската специјална воена операција ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија“, изјави Алексеј Полшчук.
„Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на цивилното население на Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и елиминирање на заканите за Русија кои доаѓаат од украинска територија поради нејзината окупација на НАТО“, порача Полишчук.
Тој не објасни точно како НАТО ѝ се заканува на Русија од украинска територија. Дипломатот додаде дека операцијата „се одвива според планираното“ и дека „сите нејзини цели ќе бидат остварени“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Франција стравува од немири за време на изборите: 30.000 полицајци распоредени во целата земја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/policiska-akcija-francija-x-epa.png)
30.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени в недела во Франција за време на вториот круг од парламентарните избори, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, поради опасност од немири, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманен.
Дарманен рече дека стравува оти на денот на изборите, 7 јули, ултралевите или ултрадесничарите би можеле да создадат неред, пренесува „Фигаро“.
Распоредувањето нисклучително голем број полицајци треба да ги спречи овие сили „да ги искористат предностите на изборните резултати за да создадат неред“, рече Дарманен.
Свет
Во Москва соборен рекордот: жештина што не се памети во последните 100 години
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot_5.jpg)
Денеска Русија ја зафати жештина каква што не е запаметена повеќе од сто години, а големи горештини преовладуваат и во Кина, пренесуваат светските агенции. Во Москва беше соборен рекордот од 1917 година, а во градовите низ земјата живата се искачи над 35 степени Целзиусови.
Метеоролошката служба ФОБОС објави дека на 3 јули во Москва се измерени 32,7 степени, што е за половина степен повисок од рекордот измерен на тој ден во 1917 година.
Топлината ја зголеми побарувачката за клима уреди и вентилатори.
Московјаните консумирале и рекордни количини сладолед и ладни пијалоци. Вода им беше поделена на патниците од метрото и трамвајот. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин ги советуваше граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат излегувања во најжешките делови од денот.
Во Москва живеат повеќе од 20 милиони луѓе. За утре се прогнозира невреме и има можност за појава на град, рече тој.
И Кина се соочува со се пожешки и подолги топлотни бранови и почести и непредвидливи обилни дождови поради климатските промени, предупредија во четвртокот кинеските метеоролози.
Во својата годишна „Сина книга“ за климата, кинеската метеоролошка управа (CMA) предупреди дека за 30 години, максималните температури во Кина би можеле да се зголемат за 1,7 до 2,8 степени Целзиусови, а најмногу ќе бидат погодени источните делови на земјата и северозападниот регион.
Минатата година, просечните национални температури достигнаа нови рекорди, предизвикувајќи рекордно повлекување на мразот и топење на вечниот мраз во северозападниот дел на земјата, се вели во документот.
Кина се смета за една од најранливите земји од климата во светот и е под зголемен притисок да се прилагоди на променливите временски услови и нивото на морето кое се зголемува повеќе од глобалниот просек.
„Кина е регион кој е чувствителен на глобалните климатски промени, регион каде што влијанието ќе биде значајно“, рече Јуан Џиашуанг, заменик директор на Националниот климатски центар на CMA, на брифинг со новинарите.
Метеоролошката служба денеска предупреди дека очекува температурите во поголемиот дел од Кина да бидат релативно високи во следните неколку месеци, второ лето по ред.
„Времето ќе биде поинакво од претходните години и сега имаме поекстремни временски услови“, изјави Чен Јухан, жител на Шангај, каде денеска беа измерени над 38 степени. „Ме изненадува секогаш кога ќе излезам надвор“, вели тој.
Свет
16-годишен ученик починал на екскурзија во Италија: се пожалил дека му е лошо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ит.jpg)
16-годишен ученик од Бремен почина на екскурзија во Италија. Неговите родители се тажни и гневни поради загубата што ги снашла и сега решиле да упатат сериозни обвинувања против професорката што ги однела учениците на пат.
Тврдат дека наставничката ја прекршила должноста бидејќи не се јавила на лекар иако момчето било во лоша здравствена состојба.
Телото на момчето што почина на екскурзија во Тоскана е испратено на обдукција по што ќе се знае точната причина за смртта.
Момчето, кое било инвалид, имало помош од помошник што цело време бил со него за време на екскурзијата. Иако имал силни болки во грлото, тинејџерот многу сакал да замине на матурска екскурзија во Италија со своите пријатели.
За време на екскурзијата, неговото здравје нагло се влошило.
Татко му вели дека цело време за време на екскурзијата бил во контакт со синот.
„Кога разговараше со сестра си преку видеоповик, таа забележа дека лицето му е светлоцрвено. Тој се пожали на болки во грлото и силна главоболка“, рече тој.
За време на посетата на Пиза, неговата состојба толку се влошила што учителката решила да го откаже ова патување, а потоа ги известила родителите на момчето.
Родителите велат дека побарале од наставничката да го однесе момчето на лекар или во аптека, но таа не го направила тоа. Наместо тоа, момчето било испратено во бунгаловот да се одмори сам.
„Кога вечерта повторно се слушна со сестра си, едвај успеа да ги отвори очите. Тие беа целосно отечени“, вели татко му.
Потоа додаде дека околу 20 часот синот му пратил фотографии и тоа било последното нешто што го добил од него. Утрото им се јавила наставничката и ги известила дека тој починал.
Семејството на момчето ги обвинува училиштето и наставниците дека ја занемариле својата должност за надзор и сега бараат строга казна.