Свет
Русија подготвува прехранбена вакцина против ковид во форма на јогурт
Институтот за експериментална медицина (ИЕМ) од Санкт Петербург планира следната година да го заврши претклиничките испитувања на првата прехранбена вакцина против коронавирус во светот, што ќе има вкус на познатиот руски млечен производ „Рјаженка“, изјави директорот на ИЕМ, Александар Дмитриев.
Претходно, потпретседателот на Руската академија на науките (РАС), академик Владимир Чехонин, објави претклинички студии за необична вакцина против ковид во форма на јогурт.
Според Дмитријев, истражувањето започнало на Институтот за експериментална медицина пред околу една година, пренесува „Спутник“.
Кога руската влада го одобри развојот на „Центарот за персонализирана медицина“, во кој беа вклучени ИЕМ и Националниот центар за медицински истражувања „Алмазов“, проектот за развој на првата вакцина во светот за борба против коронавирусот стана една од областите на истражување.
Според експертите, потребни се нешто повеќе од два милиони евра за да се завршат пред-клиничките и клиничките испитувања, а ние во моментов бараме можности за вон-буџетско финансирање – рече Дмитријев, додавајќи дека пред-клиничките студии се очекува да бидат завршени до крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година.
Авторот на идејата за вакцината во форма на ферментиран млечен производ, раководителот на одделот за молекуларна микробиологија и лабораторијата за молекуларна генетика на патогени микроорганизми ИЕМ, Александар Суворов, вели дека специфичноста на лекот не е само во едноставниот начин на примена.
Според него, Институтот за експериментална медицина има долгогодишно искуство во развој на вакцини засновани на живи бактерии, со чија помош се прават ферментирани млечни производи, така што веќе има слични вакцини против грип, пневмококи и стрептококи.
Според научниците, вакцината за јадење речиси и не се разликува по вкус од обичните ферментирани млечни производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

