Свет
Русија потсети: Американското воено присуство во Сирија е нелегално
Американското воено присуство во Сирија е нелегално, за разлика од Русија, објави руската амбасада во САД.
„Би сакале да ве потсетиме дека военото присуство на САД во Сирија е, пред сè, незаконско. Затоа, тие немаат право да ги критикуваат легитимните постапки на руските вооружени сили кои дејствуваат во Сирија на покана на сириската влада“, изјавија од руската амбасада. Инспекторот на Пентагон, Шон О’Донел, тврди дека дејствијата на руската армија во североисточна Сирија го кршат механизмот за спречување конфликти.
Во извештајот се вели дека „иако руските сили претежно се придржуваа на механизмот, бројот на прекршувања значително се зголеми во споредба со последниот квартал“, рече тој.
Според американската страна, повредата се однесува на вклучување на дополнителни превозни средства во претходно организирана колона за патроли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелска армија: Убиени околу десет високи команданти на Хезболах
Портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека заедно со Ибрахим Акил, во денешниот израелски воздушен напад врз јужен Бејрут биле убиени околу десет високи команданти на либански Хезболах.
Хагари на прес-конференција рече дека Акил и другите членови на елитната единица Радван на Хезболах се собрале во подрумот на една зграда кога биле мета и убиени.
Весникот „Тајмс оф Израел“ наведува дека Хагари рекол дека тоа биле „командантите кои го подготвиле и го воделе планот на терористичката организација Хезболах за напад на северната територија на државата Израел.
Портпаролот на израелската војска тврди дека како дел од таа инвазија, Хезболах планирал упад на израелска територија сличен на нападот на Хамас од Газа на јужна израелска територија на 7 октомври минатата година. Тогаш започна војната меѓу Израел и таа палестинска исламистичка организација.
Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на платформата X објави дека ќе продолжи „секвенцата на акции во новата фаза“ од конфликтот со Хезболах додека не се постигне целта за безбедно враќање на Израелците раселени поради прекуграничниот конфликт во нивните домови.
Свет
Трамп: Ако загубам во ноември, Евреите ќе изгубат многу
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, на настан во Вашингтон, чија цел е борба против антисемитизмот, изјави дека ако загуби во ноември, „Евреите ќе изгубат многу“.
„Нема смисла“, рече Трамп за Евреите кои гласаа за потпретседателката на САД и демократска кандидатка Камала Харис, објави Политико.
Трамп рече дека секој Евреин што гласа за неа треба да ја прегледа главата.
Регион
(Видео) Maж падна од опасна карпа на Паг и почина, спасена алпинистка
При искачување на опасна карпа на Паг, еден маж почина, а една жена беше спасена во голема операција на хрватската служба за спасување.
„Добивме пријава во 13 часот и 32 минути дека две лица наводно се качувале на карпа кај Метајна. Едното лице паднало и починало. Другото е на карпата. Засега не може да им се пристапи од копно“, рекоа од полицијата.
Покрај полицијата, на местото на настанот има и други служби за итна помош – брза помош, пожарникари.
Малку по 17:00 часот од карпите е спасена жена, откако спасувачите со чамци се приближиле до карпата од морската страна.