Свет
Русија почнува со повлекување на трупите за помош од Италија
Руското Министерство за одбрана в четврток ќе почне со повлекување од Италија на трупите за нуклеарна, биолошка и хемиска (НБЦ) заштита кои ѝ помагаа на Италија во реакцијата против пандемијата на Ковид-19, изјави рускиот министерот за одбрана, Сергеј Шогу, пренесува „Спутник“.
„Утре ќе почнеме со повлекување на трупите за НБЦ-заштита од Италија. Барам од началникот на Генералштабот да организира свечен прием на тимовите и да ми предложи мерки за стимулација за истакнатите војници, лекари и сите оние кои се ангажирани за дезинфекција на италијанските градови и објекти “, рече Шојгу.
Од 22 март, 15 руски воени авиони со експерти за вирусологија и епидемиологија на Министерството за одбрана, пристигнаа во Италија за да помогнат во борбата против пандемијата на коронавирусот и да достават опрема за дијагностика и за дезинфекција.
Италија неодамна објави дека има најниско дневно зголемување на бројот на починати од средината на март.
Поради постојаниот позитивен тренд, владата ги воведе првите мерки за релаксација на националниот карантин што стапи во сила на 4 мај. Сепак, граѓаните ќе треба да почекаат до 18 мај за отворање на продавниците и музеите, а салоните за убавина, фризерниците, барови и рестораните ќе бидат отворени дури по 1 јуни.
Во Италија, која е една од најтешко погодените земји од пандемијата, има речиси 212.000 потврдени случаи на коронавирус и повеќе од 29.000 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

