Свет
Русија предлага да се ревидира државната граница во Балтичкото Море кон Финска
Министерството за одбрана на Русија предложи ревизија на државната граница во руските територијални води во Балтичкото Море.
Во нацрт-уредбата од 21 мај објавена на федералниот портал на нацрт-регулаторни правни акти, Министерството предложи приспособување на границата околу руските острови во источниот дел на финскиот залив и околу Калининград, јавуваат руските агенции.
Како што е објаснето, за да се обезбеди безбедност на пловидбата, се предлага приспособување и преобјавување на националните карти за поморска навигација во соодветна мера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина: Го исчистивме центарот на Покровск од руските сили
Украинските контранападни сили тврдат дека ги истерале руските трупи од централниот дел на Покровск, пренесе „Kиев пост“. Седмата воздушно-јуришниот корпус соопшти дека пешадиските тимови, со поддршка од дронови и артилерија, ги исчистиле клучните точки во градот, вклучувајќи ја железничката станица и централниот плоштад.
Командирот Валентин Манко изјави дека „центарот е исчистен“, но операциите за чистење продолжуваат. Според украински извори, руските сили се повлечени кон јужните квартови, каде напредокот е побавен и каде руските единици се под притисок и без можност за снабдување.
Русија во своето утринско соопштение не ги спомна директно борбите во Покровск, наведувајќи само дека одбила неколку украински напади. Украинскиот Генералштаб ги опиша борбите во овој сектор како меѓу најинтензивните на фронтот во последните 24 часа.
Дел од украинските аналитичари и извори предупредуваат на претпазливост, истакнувајќи дека битката не е завршена и дека има спротивставени информации за состојбата на терен.
Свет
Макрон воведува доброволен воен рок поради руската закана
Францускиот претседател Емануел Макрон во четврток ќе го претстави нов модел на доброволен воен рок, пренесе „Политико“. Проектот не предвидува враќање на задолжителното регрутирање, туку обука што ќе ги насочи доброволците кон активниот состав или резервата.
Потегот доаѓа поради растечката руска закана, а планот има широка политичка поддршка. Елисејската палата соопшти дека за реформата ќе бидат потребни законски измени и дека ажурираниот закон за воено планирање ќе биде претставен до 21 декември.
Франција има цел до 2035 година да формира резервен состав од 105.000 лица, значително повеќе од околу 44.000 во 2024 година.
Свет
Кремљ: Европскиот контрапредлог за мир во Украина е неконструктивен
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, го оцени европскиот контрапредлог на американскиот мировен план за Украина како „целосно неконструктивен“.
„На прв поглед, европското дополнување изгледа целосно неконструктивно и не е прифатливо за Русија“, изјави Ушаков.
Тој додаде дека многу точки од првичниот американски план, испратен до Киев минатата недела, се прифатливи, но дека други бараат детална дискусија.
Ушаков изјави дека постојат „некои сигнали“ за организирање средба меѓу руски и американски претставници, но дека конечен договор сè уште нема.
Европските лидери претходно ја изразија загриженоста околу американскиот план од 28 точки, особено поради идејата дека Украина треба да прифати територијални отстапки и намалување на вооружените сили, поради што изготвија свој контрапредлог. По вчерашните разговори во Женева, САД и Украина соопштија дека составиле „ажуриран и доработен мировен рамковен документ“.

