Свет
Русија протера агент на украинската разузнавачка служба, сакал да ја наруши безбедноста
Во Русија бил откриен агент на украинските разузнавачки служби, кој подолго време давал советодавна помош на Службата за безбедност на Украина со цел да ја наруши безбедноста на Руската Федерација, објави Федералната служба за безбедност на Русија.
При претресот, Федералната служба за безбедност на Русија ги прекинала разузнавачките и субверзивни активности на државјанинот на Украина, Семенјак Алексеј Петрович, кој работел во интерес на украинските разузнавачки служби, се наведува во соопштението.
Забележано е дека при претресот биле одземени електронски уреди со пораки од службеници на СБУ кои им нуделе помош во решавањето на нивните работни проблеми со цел да се наруши безбедноста на интересите на Русија. Според изјавата на ФСБ, за време на испрашувањето Семенјак потврдил дека одржувал долгорочни односи со претставниците на националната разузнавачка служба и дека им пружал разновидна советодавна помош.
Исто така, се посочува дека при претресот бил забележан и спречен обид на трети лица за далечинско отстранување на податоци од неговиот мобилен телефон.
Поради мерките преземени од ФСБ, Семењак не успеа да ѝ наштети на надворешната безбедност на Русија. Неговиот престој на територијата на Руската Федерација беше обележан како непожелен и му беше забранет влез во земјата за период од 25 години. Семењак ја напушти Русија на 3 јуни, се вели во соопштението на ФСБ.
Утврдено е дека неговите активности долго време ги координирале агенти на украинската контраразузнавачка служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон воведува доброволен воен рок поради руската закана
Францускиот претседател Емануел Макрон во четврток ќе го претстави нов модел на доброволен воен рок, пренесе „Политико“. Проектот не предвидува враќање на задолжителното регрутирање, туку обука што ќе ги насочи доброволците кон активниот состав или резервата.
Потегот доаѓа поради растечката руска закана, а планот има широка политичка поддршка. Елисејската палата соопшти дека за реформата ќе бидат потребни законски измени и дека ажурираниот закон за воено планирање ќе биде претставен до 21 декември.
Франција има цел до 2035 година да формира резервен состав од 105.000 лица, значително повеќе од околу 44.000 во 2024 година.
Свет
Кремљ: Европскиот контрапредлог за мир во Украина е неконструктивен
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, го оцени европскиот контрапредлог на американскиот мировен план за Украина како „целосно неконструктивен“.
„На прв поглед, европското дополнување изгледа целосно неконструктивно и не е прифатливо за Русија“, изјави Ушаков.
Тој додаде дека многу точки од првичниот американски план, испратен до Киев минатата недела, се прифатливи, но дека други бараат детална дискусија.
Ушаков изјави дека постојат „некои сигнали“ за организирање средба меѓу руски и американски претставници, но дека конечен договор сè уште нема.
Европските лидери претходно ја изразија загриженоста околу американскиот план од 28 точки, особено поради идејата дека Украина треба да прифати територијални отстапки и намалување на вооружените сили, поради што изготвија свој контрапредлог. По вчерашните разговори во Женева, САД и Украина соопштија дека составиле „ажуриран и доработен мировен рамковен документ“.
Свет
Зеленски и Трамп би можеле да се сретнат oваа седмица
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп би можеле да се сретнат во Белата куќа уште оваа недела за да разговараат за новиот мировен план, тврдат извори запознаени со преговорите. Киев значително го изменил американскиот предлог, отстранувајќи дел од максималистичките барања на Русија.
Првичниот американско-руски план од 28 точки, составен минатиот месец од специјалниот пратеник на Владимир Путин Кирил Дмитриев и претставникот на Трамп, Стив Виткоф, од Украина барал повлекување од градови под контрола на Киев во Донбас, ограничување на војската и откажување од членството во НАТО.
По неделните преговори во Швајцарија меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, планот бил драстично ревидиран – новата верзија има 19 точки. Киев и европските партнери инсистираат линијата на фронтот да биде почетна основа за територијалните разговори.

