Европа
Русија протера холандски и белгиски дипломати – прогласени се за персона нон грата

Русија протера 15 холандски дипломати и неодреден број белгиски дипломати и ги прогласи за персона нон грата, јавува „Анадолија“.
Министерството за надворешни работи соопшти дека 14 вработени во холандската амбасада во Москва и еден вработен во холандскиот конзулат во Санкт Петербург мора да ја напушти Русија во рок од два дена.
„Овој чекор се презема како одговор на протерувањето на 29 март на 18 вработени во руската амбасада во Хаг, руската трговска мисија во Амстердам и руската мисија во Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Во соопштението се додава дека Холандија не може да ги злоупотребува своите права и привилегии како земја домаќин на OPCW и дека Хаг мора строго да се придржува до договорот за седиштето на OPCW од 1997 година.
Во посебно соопштение Министерството соопшти дека го повикале белгискиот амбасадор Марк Микиелсен и го информирале за протерувањето на белгиските дипломати од Москва, кои мора да заминат до крајот на 3 мај.
Холандија и Белгија протераа руски дипломати поради наводна шпионажа кога односите меѓу Русија и Европската Унија дополнително се влошија поради руската војна против Украина, која почна на 24 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин