Свет
Русија распиша потерница по естонската премиерка
Русија распиша потерница по естонската премиерка Каја Калас.
Веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи ја вклучи Калас во својата база на податоци како „барана според кривичното право“, пишува „Дојче веле“.
Не беа наведени конкретни обвиненија.
Потерница е распишана и по државниот секретар на Естонија, Таимар Петеркоп, и по министерот за култура на Литванија, Симонас Кајрис.
Калас беше гласна поддржувачка на одбраната на Украина од руската инвазија во февруари 2022 година.
Таа беше еден од најсилните гласови во Европската Унија и во НАТО, кои се залагаат за повеќе оружје да ѝ се обезбеди на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.
Свет
(Видео) Евакуиран аеродромот „Гетвик“, лондонската полиција го истражува безбедносниот инцидент
Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.
Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.
❗️London Gatwick Airport’s South Terminal Evacuated Due To ‘Security Incident’
📹 @SportsProNick pic.twitter.com/1SD5Bi8Y7S
— RT_India (@RT_India_news) November 22, 2024
Од аеродромот соопштија дека евакуацијата била мерка на претпазливост додека полицајците истражуваат безбедносен инцидент.
И Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.