Свет
(Видео) Москва повторно нападната: два дрона се упатија кон главниот град на Русија, силите за воздушна одбрана ги соборија за 16 минути
Руската ПВО собори две борбени беспилотни летала, кои се движеле кон Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.
„Потврден е обид на две борбени беспилотни летала да се пробијат во градот. Двете беа соборени од воздушна одбрана. Едното во близина на Домодедово, на југ на Москва, другото во близина на автопатот за Минск, на запад од Москва“, напиша Собјанин на „Телеграм“, без да прецизира кој е одговорен за нападот.
Тој додаде дека засега немаат информација за можни жртви и нагласи дека спасувачките служби се на местото на настанот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени на растојание од 55 километри и за 16 минути.
Напади со украински беспилотни летала се случуваат на руска територија изминативе недели, а целта често се Москва и анектираниот полуостров Крим. Властите велат дека Москва била цел на повеќекратни напади со беспилотни летала минатата недела, од кои еден оштетил зграда во главниот деловен кварт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми
Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА.
„Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција.
ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот, објави ТАСС.
Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани.
Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.