Свет
Русија: Соборивме дрон, се движеше кон Москва

Руската воздушна одбрана утрово собори беспилотно летало, кое се приближуваше кон Москва, напиша градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, на апликацијата за пораки „Телеграм“.
Руските медиуми објавија дека повеќе од 40 лета биле одложени на аеродромите во главниот град Внуково и Домодедово повикувајќи се на веб-страница за следење летови.
Аеродромите во Москва во последните неколку недели постојано ги прекинуваа летовите поради, како што наведоа руските власти, напади со украински беспилотни летала врз градот. Претходно, Русија соопшти дека соборила две украински беспилотни летала во јужниот регион Брјанск, еден ден откако дронови погодиле цели во најмалку шест региони длабоко во Русија.
Вчера, украински беспилотни летала погодија цели длабоко во Русија. Покрај Брјанск, беспилотни летала погодија и аеродром во западниот регион Псков и беа соборени над Москва, Ориол, Рјазан и Калуга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.