Свет
Русија со нов метод на итна превенција против коронавирусот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/92152221_2355419391431747_7277226444122488832_n.jpg)
Руското Министерство за здравство објави денеска дека е воведен нов метод на итна превенција во врска со изложувањето на медицинските работници на телесни течности заразени со коронавирус, пренесе ТАСС.
Медицинскиот персонал во Русија секојдневно се прегледува и Министерството укажува дека тоа е обврска од највисок приоритет за сите раководители на медицински установи.
Инаку, денеска во Русија е регистриран рекорден број новозаразени со коронавирус – 2.774 лица, со што вкупниот број заразени во земјата се искачи на 21.102 пациенти. Повеќето од заболените се во Москва. Досега починале 170 луѓе, а направени се над 1,4 милион тестови на Ковид-19.
Властите во Москва предупредуваат дека во градот може да се јави недостиг од болнички кревети поради растот на бројот на заболени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Бајден откри дали ќе се повлече од кампањата: „Не си одам, никој не ме брка, во трка сум до крај и ќе победиме“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/1719542513-12331937-1024x683.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од својата кандидатура за претстојните избори и истакна дека е подготвен да победи во ноември.
„Да го кажам ова најјасно што можам: се кандидирав, никој не ме брка. Јас не си одам. Во оваа трка сум до крај и ќе победиме“, рекол претседателот, пренесува АП.
Како што беше најавено претходно денеска, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во Соединетите Американски Држави.
„Претседателот отсекогаш ни го чувал грбот. Ние ќе се грижиме и за неговиот“, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур за новинарите по средбата со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на која присуствуваа 24 демократски гувернери.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул рече дека сите гувернери му ветиле поддршка на Бајден.
„Претседателот учествува во трката за да победи“, истакна таа.
Свет
Соборен 21 руски дрон, соопшти Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tr.jpg)
Украина во текот на ноќта собори 21 руски дрон Шахед, додека руските сили тврдат дека контролираат дел од градот Часов Јар.
Украинската воздушна одбрана собори беспилотни летала во шест региони во северна и централна Украина, соопшти денеска Военото воздухопловство, пренесува Ројтерс.
Гувернерот на северниот регион Чернихив изјави дека повеќе од 5.000 домаќинства во регионот се без струја.
Свет
Кинеските метеоролози предупредуваат на екстремни горештини втора година по ред
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/гггг.jpg)
Кинеската метеоролошка управа денеска соопшти дека очекува температурите да бидат релативно високи во повеќето области низ земјата во текот на следните неколку месеци.
Земјата има невообичаено топло време во поголемиот дел од годината, со просечни температури од март до мај на највисоките нивоа од почетокот на евиденцијата во 1961 година, пренесува Ројтерс.
Метеоролозите предупредија дека ова ќе биде второ лето по ред на екстремни горештини, кои, според нив, се предизвикани од климатските промени.