Свет
Русија тајно набавила „флота во сенка“ од 100 танкери за да се бори со санкциите од Западот
Русија тајно набави 100 танкери оваа година како одговор на нафтените санкции што Западот и ги наметна на Москва, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи извори од бродската индустрија и аналитичари.
Москва, која во голема мера се потпира на суви танкери за транспорт на својата сурова нафта, се проценува дека има набавено повеќе од 100 танкери преку директни или индиректни набавки. Енергетските консултанти од компанијата Ристад велат дека Русија годинава набавила 103 танкери, делумно преку директни набавки, а делумно преку прераспределба на бродови што ги користат Иран и Венецуела, две земји кои исто така се под санкции од Западот.
Желбата на Кремљ да го организира она што нафтената поморска индустрија го нарекува „Руска флота во сенка“ е обид да се заобиколат новите меѓународни ограничувања за руската нафта. Тие ја вклучуваат забраната на ЕУ за увоз на руска нафта, која стапува на сила во понеделник, но и новата глобална граница на цената на рускиот гас од 60 долари за барел, која ЕУ ја поддржа во петокот и е дел од пошироката иницијатива на Г7. група, која ги обединува најмоќните светски економии.
Трговците изјавија за ФТ дека руската „флота во сенка“ ќе го намали влијанието на таквите мерки, но нема да го елиминира целосно. Казнените мерки на ЕУ и Г7 треба да ја отсечат Москва од глобалната флота на танкери, бидејќи на осигурителите како што е Лојд од Лондон им е забрането да ги осигуруваат танкерите што превезуваат руска нафта, без оглед на дестинацијата, освен ако не се продава според шемата за ограничена цена.
Меѓутоа, Русија веќе пред извесно време објави дека нема да продава нафта на ниту една земја која спроведува ограничување на цената, што значи дека би можела да одбие да продава нафта под условите поставени од Западот. Наместо тоа, таа планира да ја користи својата нова флота за снабдување со нафта на земји како Индија, Кина и Турција, кои станаа големи купувачи на руска нафта бидејќи Европа го намалува увозот.
Станува збор за бродови стари меѓу 12 и 15 години, кои се очекуваше да завршат во бродоградилиштето во наредните години, изјави за ФТ Аноп Синг, шеф на лондонската бродска компанија „Бремар“. „Тоа се клиенти со кои ние, како некој кој долго време се занимаваме со овој бизнис, не сме запознаени. Убедени сме дека повеќето од овие бродови се купени за потребите на Русија“, додаде тој.
„Бројот на танкери што ѝ се потребни на Русија за да ја транспортира целата своја нафта е огромен“, вели Крег Кенеди, експерт за руска нафта во Дејвис центарот на Универзитетот Харвард. „Видовме голем број продажби на неименувани купувачи во последниве месеци, а во последните недели голем број од овие танкери се појавија во Русија за да го земат својот прв товар на сурова нафта“, додаде тој.
Да потсетиме, групата земји Г7 и Австралија вчера објавија дека се договориле за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел откако членките на Европската унија го надминаа отпорот на Полска и претходно постигнаа политички договор. истиот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.

