Европа
Русија ја објави цената на вакцината, ќе се прима во два наврата

Руската вакцина против коронавирусот „путник V“ на меѓународниот пазар ќе чини помалку од 20 долари за лице и ќе биде бесплатна за руските граѓани, е објавено на официјалниот профил на „Твитер“ посветен на рускиот лек.
Вакцината ќе се прима во два наврата, а секоја доза ќе чини помалку од 10 долари.
Објавувањето на цената доаѓа во време кога Русија се обидува да ги забрза производството и дистрибуцијата на својот лек.
Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд РДИФ, рече дека Москва и нејзините странски партнери може да произведат повеќе од милијарда дози вакцини в година, што е доволно за 500 милиони луѓе.
Објавената цена е поевтина од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“, која чини 15,5 евра за доза, но поскапа од онаа на „Астра зенека“, која ќе чини околу 2,5 евра од вакцинација.
Дмитриев за „Ројтерс“ изјави дека Москва имала цел да ја намали цената за да ја направи вакцината достапна за што повеќе луѓе во светот.
Тој додаде дека новите клинички податоци, засновани на 39 потврдени случаи и 18.794 пациенти, покажуваат дека „дпутник V“, вакцина што треба да се прими двапати, била 91,4 процент ефективна на 28 дена и 95 проценти на 42 дена.
Руското Министерство за здравство ја регистрира вакцината на почетокот на август, а руските медиуми објавија дека добиле апликации за набавка од повеќе од 20 земји.
Производството е договорено во пет земји.
Некои западни научници ја критикуваа Москва за наводно намалување на некои стандарди при тестирањето, со цел вакцината да биде готова што побргу. Русија го отфрли ова и ги обвинува западните земји за валкана кампања за одвраќање на луѓето во, како што ја нарекуваат, новонастанатата борба на пазарот за лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Унгарија ја поддржува одлуката на Трамп да ја прекине воената помош за Украина

Унгарската влада изрази поддршка за одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина додека земјата се брани од руската инвазија и нелегалната анексија на нејзината територија.
Портпаролот на владата на Виктор Орбан рече: „Претседателот на САД и унгарската влада го делат истиот став: наместо продолжување на испораката на оружје и војна, потребно е прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро“.
Европа
Европа може да ја надомести американската воена помош, вели поранешен украински министер

Поранешниот заменик украински министер за одбрана рече дека Европа може да ја надополни празнината во воената помош што ја оставаат САД.
Володимир Харвилов, кој ја извршуваше функцијата од 2022 до 2023 година, рече дека Европа е „во пораст“ и дека може да ја снабдува Украина со „оружје и поголемиот дел од нејзините дневни потреби“.
„Европа ќе може да ја поддржи Украина наместо САД“, рече тој во емисијата „Тудеј“ на Радио 4.
Тој нагласи дека Украина е „многу благодарна“ за американската помош меѓу 2022 и 2024 година и дека комуникацијата со администрацијата на Трамп ќе продолжи на сите нивоа.
Тој додаде дека Украина ќе разговара со европските сојузници како да се здобијат со софистицирани системи, кои во моментов само САД можат да ги испорачаат.
Европа
Би-би-си: Какви опции има Зеленски сега? Јасно е што сака Трамп

„Што може Зеленски да направи за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да го прифати договорот за минерали под какви било услови?“, прашува Би-би-си во коментар откако американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина воената помош за Украина.
„Администрацијата на Трамп се чини дека го сака токму тоа – да ја префрли вината за тензиите врз Зеленски, обвинувајќи го дека не е доволно благодарен. Одлуката за замрзнување на помошта очигледно е обид да се изврши притисок врз украинскиот претседател да направи отстапки. Сепак, Зеленски веќе навести дека е подготвен на компромис.
Во едно минатогодишно интервју, тој рече дека може да прифати губење на териториите што веќе ги окупира Русија, доколку за возврат, неокупираните делови на Украина би можеле да се приклучат на НАТО. Овој месец, тој отиде чекор подалеку – велејќи дека би бил подготвен да се повлече од функцијата доколку за возврат на Украина и биде одобрено членство во НАТО.
Сепак, Трамп ја отфрли можноста Киев да стане дел од алијансата, а со тоа да се усогласи со позицијата на Москва. Што точно Трамп очекува од Русија, земјата која ја нападна Украина, останува непознато“, заклучува Би-би-си.
Соединетите Американски Држави ја прекинуваат воената помош за Украина неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди претставник на Белата куќа за Ројтерс.
„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Потребно ни е нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Паузираме и ја разгледуваме нашата помош за да се увериме дека таа придонесува за решението“, рече претставникот.
Канцеларијата на Зеленски не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
„Ова не е трајно прекинување на помошта, тоа е пауза“, цитира Фокс њуз претставник на администрацијата на Трамп. Блумберг објави дека е запрена испораката на целата американска воена опрема која моментално не е во Украина, вклучително и оружје во транзит на авиони и бродови или оние кои чекаат во транзитните области во Полска.