Свет
Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната.
Според руската новинска агенција ТАСС, Путин го најави ова на состанокот со членовите на руската влада.
#BREAKING Russia has developed ‘first’ coronavirus vaccine: Putin pic.twitter.com/s33LTMO0j0
— AFP news agency (@AFP) August 11, 2020
„Колку што знам, првата вакцина против коронавирусот во светот е регистрирана утрово“, рече Путин.
ТАСС исто така објави дека една од ќерките на Путин била прва што се вакцинирала против коронавирусот.
Изјавата на Путин ја пренесе и АФП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Се користат големи ресурси за да се претстави Русија како непријател на Европа

Кремљ ја забележа вчерашната изјава на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за нов рок за прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во понеделникот, Трамп го скрати претходно утврдениот рок од 50 дена за прекин на огнот на 10 или 12 дена, наведувајќи го недостатокот на напредок во решавањето на конфликтот, објави РИА Новости.
Исто така, Трамп се закани дека ќе воведе секундарни санкции и царини за земјите што соработуваат со Русија, наведувајќи дека таквите мерки би можеле да вклучуваат „100-процентни царини“.
„Вчера ја добивме изјавата на претседателот Трамп“, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи ја најавата на Трамп, но не прецизираше каков ќе биде понатамошниот одговор на Кремљ на тие изјави.
Исто така, Песков ги негираше извештаите за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Трамп, наведувајќи дека такво прашање дури и не било на дневен ред и сè уште не е.
Кога беше прашан за сегашните односи меѓу Русија и Европа, Песков рече дека работата за создавање слика за Русија како непријател во Европа продолжува, „за што Москва жали“.
„За ова се користат големи ресурси, а оваа работа продолжува, на наше големо жалење. Ова очигледно не е во интерес на народите на европските земји“, рече Песков.
Тој повтори дека Русија останува посветена на мирно решавање на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека „специјалната воена операција продолжува“, но дека Москва сè уште се стреми да го реши конфликтот преку мирен процес, а воедно да ги обезбеди интересите на Руската Федерација.
Фото: принтскрин
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Свет
Откриен можниот мотив на убиецот од Њујорк – оставил проштално писмо

Шејн Девон Тамура (27), напаѓачот кој вчера уби четири лица во деловна зграда во Њујорк, пред да си го одземе животот, оставил проштално писмо во кое тврдел дека боледува од хронична трауматска енцефалопатија (ЦTE) и побарал неговиот мозок да биде анализиран по смртта, јавува „Си-ен-ен“.
Во краткото писмо од три страници, пронајдено во неговиот џеб по пукањето, Тамура напишал: „Тери Лонг и американскиот фудбал ми ја донесоа ЦTE, поради што испив литри антифриз. Не можете да се борите против NFL – ќе ве згази.“ Тери Лонг, поранешен играч на Pittsburgh Steelers, беше дијагностициран со ЦTE и изврши самоубиство во 2005 година.
Тамура во пораката додал: „Ве молам, проучете ми го мозокот. Жал ми е. Кажете им дека ми е жал за сè.“
Според извори на „Си-ен-ен“, Тамура во младоста играл американски фудбал, што дополнително го поддржува неговото тврдење дека страдал од ЦTE – болест што најчесто се поврзува со повторувачки удари во глава кај спортисти, дури и без забележани потреси на мозокот.
Според досегашните сознанија, Тамура бил незадоволен од начинот на кој Националната лига за американски фудбал (NFL) со години го игнорира проблемот со ЦTE, кој е потврден кај бројни поранешни играчи по нивната смрт, а многумина имаат проблеми и додека се живи. Полицијата претходно објави дека Тамура имал „историја на ментални нарушувања“.
Тој влегол со пушка во зградата каде се наоѓа седиштето на NFL и почнал да пука во фоајето, а потоа и на 33. кат, пред да си го одземе животот. Еден вработен во NFL е тешко повреден, додека останатите биле навреме евакуирани.
Пријател од училишните денови, Калеб Кларк, го опишал Тамура како „најголемиот шегаџија во одделението, полн со енергија“. „Никогаш не би помислил дека би можел да биде поврзан со насилство. Луѓето му велеа дека е талентиран и посебен, но тој никогаш не кажуваше дека ќе игра во NFL,“ изјавил Кларк.
Во 2015 година, Тамура се преселил во Гранада Хилс и работел во казино во Лас Вегас, каде што поседувал дозвола за носење оружје.