Европа
Русија ќе вакцинира 400.000 војници против коронавирусот

Русија има намера да вакцинира повеќе од 400.000 војници и друг воен персонал против Ковид-19, изјави министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а пренесува „Ројтерс“, додавајќи дека земјата денеска забележала рекорден дневен број од 27.543 нови случаи на инфекција.
Министерот за одбрана потсети дека досега 2.500 припадници на вооружените сили се вакцинирани против Ковид-19, а тој број треба да се зголеми на 80.000 до крајот на годината.
Русија, чии научници работат на повеќе вакцини против вирусот САРС-КоВ-2, од септември се соочува со брзо ширење на инфекцијата, но властите претпочитаат да се потпрат на насочени мерки во одделни региони наместо да ја затворат целата земја.
Во Русија досега се евидентирани вкупно 2.215.533 инфекции и 38.558 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Црвено предупредување во Валенсија поради силен дожд

Обилно невреме вчера ја погоди југоисточна Шпанија, четири месеци откако во поплавите загинаа 224 лица, поради што се откажаа наставата во Валенсија за денеска, а жителите се повикани да бидат на готовност.
Метеоролошката служба АЕМЕТ ја подигна тревогата на највисоко „црвено“ ниво, а градските власти во Валенсија ги откажаа часовите и активностите на отворено.
No es Gaza, no es Ucrania, es Valencia 4 meses después, nadie hará una cumbre por esto, ni tan siquiera en la sede de nuestro gobierno. pic.twitter.com/SMqThyKnrA
— 🅰🆁🆂🅴🅽🅸🅲🅾 🈷️🈴️🈷️ (@Arsenico_bis) March 3, 2025
„Се очекува една недела пороен дожд, затоа ве повикувам да ги следите најавите и препораките на службите за вонредни состојби“, изјави претседателот на провинцијата Карлос Мазон на жителите преку социјалните мрежи.
Во провинцијата Валенсија, 224 луѓе загинаа на крајот на октомври во поплава предизвикана од силен дожд.
This is Buñol, Valencia in Spain, today, where 100mm of rain has already fallen in the last few hours.pic.twitter.com/LSQ2vz7D7Z
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 3, 2025
Во Паипорта, место кое беше особено тешко погодено, парковите и гробиштата вчера беа затворени, а училиштата ќе бидат затворени од денеска. Се повикуваат жителите да не ги напуштаат домовите доколку не е потребно.
Европа
Макрон: Европските земји треба да ги зголемат воените трошоци меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика европските земји значително да ги зголемат годишните воени трошоци на повеќе од 3 отсто од БДП. Оваа порака тој ја испрати по итниот состанок за Украина, кој се одржа во Лондон.
Додека балтичките земји веќе некое време бараат воените инвестиции да се зголемат на најмалку 3 отсто од БДП, а актуелниот американски претседател Доналд Трамп бара до 5 отсто, Макрон сега првпат конкретно изјави колку Европа треба да одвои според него.
„Русите трошат 10 отсто од својот БДП за одбрана во последните три години. Мораме да се подготвиме за она што доаѓа, а нашата цел треба да биде меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП“, рече Макрон во интервју за францускиот весник „Фигаро“. Франција моментно троши 2,1 отсто од својот БДП за одбрана, што е нешто над целта на НАТО од 2 отсто, која Париз ја постигна дури минатата година.
Европа, пак, се обидува да договори заеднички одговор на новата американска политика кон Украина. Вашингтон сè повеќе ѝ врти грб на Европа и бара договор со Русија, а стравувајќи за иднината на НАТО, европските земји сакаат да ги зајакнат сопствените воени капацитети и да покажат подготвеност да ги споделат трошоците во алијансата за да ја задржат американската поддршка.
Европскиот совет в четврток одржува специјален самит за одбраната и Украина, а лидерите се очекува да разговараат за начините за финансирање поголеми воени инвестиции.
Европа
Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Одлука за продолжување на војната во Украина е донесена вчера во Лондон, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Да потсетиме, на самитот што се одржа вчера, на кој учествуваа лидери на деветнаесет земји, беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.
„Во Лондон европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Тие одлучија Украина да ја продолжи војната“, напиша унгарскиот премиер на Фејсбук. Тој потоа додаде дека ова е „лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.
На состанокот, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, присуствуваа 19 лидери, главно европски шефови на држави и влади, но беа и канадскиот премиер Џастин Трудо и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.