Свет
Русија ќе воведе повисоки казни за ширење лажни информации
Руската државна Дума ќе гласа за неколку предлог-закони со кои ќе се заострат казните за оние што шират лажни информации на интернет или изразуваат очигледно непочитување кон општеството и државните службеници.
Предложените закони, всушност, претставуваат измени на постојните против изразување непочитување на јавно место, кои тврдат дека и интернетот спаѓа во јавно место.
Првиот предлог-закон конкретно го споменува ширењето информации во непристојна форма изразувајќи очигледно непочитување за општеството, државните службеници, рускиот Устав и руските државни органи.
Ако споделените информации не содржат ништо што укажува на кривично дело, лицето може да биде казнето со парична казна до пет илјади рубли или затвор до 15 дена.
Вториот предлог-закон се занимава со изворот на информации што изразуваат очигледно непочитување и предлага руските власти да имаат право да го блокираат или ограничат пристапот до такви страници на интернет.
Третиот предлог-закон предлага конкретни мерки против ширењето лажни вести на интернет.
Највисоката казна ќе изнесува до милион рубли доколу споделените информации го загрозуваат животот на граѓаните или јавната безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

