Свет
Русија ќе ги протера британските дипломати
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија ќе ги протера британските дипломати како одговор на одлуката на Лондон за протерување на руските.
Истовремено Лавров го нарече британскиот министер за одбрана лице на кое веројатно му недостига образование.
Лавров додаде дека Русија престанала да обрнува внимание на обвинувањата на Британија поврзани со труењето на поранешниот руски двоен агент, Сергеј Скрипал, за кое руските власти негираат каква било вмешаност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Владејачката партија во Грузија номинираше поранешен фудбалер за претседателски кандидат
Грузиската владејачка партија Грузиски сон денеска го предложи поранешниот пратеник и професионален фудбалер Михеил Кавелашвили за свој кандидат на претстојните претседателски избори, закажани за 14 декември.
Кавелашвили, кој накратко играше за Манчестер Сити во средината на 1990-тите, беше еден од основачите на фракцијата Народна Шакта, која произлезе од партијата Грузиски сон, и е познат по серијата остри антизападни изјави, објави Ројтерс.
Во септември тој ја опиша опозицијата како „петта колона“ која се обидува да го загрози мирот во Грузија под инструкции на „американската администрација и одредени сенатори“, додека во јуни го обвини американскиот конгресмен дека планира „насилна револуција и Украинизација на Грузија“.
Свет
Украина бара воена помош од Јужна Кореја за одбрана од Русија
Украинска делегација, предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров, оваа недела ја посети Јужна Кореја за да побара воена помош за потребите на Киев во војната со Русија, јавуваат медиумите.
Делегацијата се состана со јужнокорејскиот советник за национална безбедност Шин Вон-сик за да разменат мислења за конфликтот во Украина, објави весникот „ДонгА Илбо“, без да наведе извор.
Исто така, South China Morning Post оваа недела објави дека украинска делегација планира да ја посети Јужна Кореја за да побара воена помош, цитирајќи информиран извор, пишува Ројтерс.
На прашањето за овие извештаи, официјален претставник од кабинетот на претседателот Џун одби да ги потврди. Портпаролот на Министерството за одбрана на Јужна Кореја, исто така, не го потврди доаѓањето на украинската делегација за време на редовниот брифинг во вторникот.
Во интервју за јужнокорејската телевизија КБС во октомври, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев ќе испрати детално барање до Сеул за воена поддршка, вклучувајќи артилерија и системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Долниот дом на Австралија го усвои законот за забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
Долниот дом на австралискиот парламент усвои закон со кој може да се воведе забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, што претставува една од најстрогите контроли на социјалните мрежи во светот, пренесува Ројтерс.
Законот е усвоен со 102 гласа „за“ и 13 „против“, а се очекува наскоро Сенатот да го разгледа за да биде усвоен пред крајот на парламентарната година.
Премиерот Ентони Албанес, кој е за овој закон, тврди дека прекумерната употреба на социјалните мрежи го загрозува физичкото и психичкото здравје на децата.
Законот ќе бара од социјалните мрежи да имплементираат систем за проверка на возраста, со можност за казна од 32 милиони долари за непочитување.
Иако Гугл и Мета побараа одложување на законот додека не заврши тестирањето на системот за проверка на возраста, јавноста го поддржа законот, додека родителските групи го гледаат како клучна мерка за заштита на децата.
Анкетите покажаа дека 77 отсто од Австралијците ја поддржуваат забраната, додека противниците на законот ги наведуваат прашањата за приватноста и слободата на изразување.