Свет
Руската црква ги прекинува односите со Цариградската патријаршија

Руската православна црква одлучи да ги прекине односите со Цариградската патријаршија со седиште во Истанбул во знак на протест поради давањето поддршка за самостојност на Украинската православна црква.
Одлуката за прекинот на односите била донесена денеска на заседанието на Светиот синод на Руската православна црква (РПЦ) во Минск.
Ваквиот чекор на РПЦ следува по соопштението дека вселенскиот патријарх Вартоломеј на 11 октомври ја дал согласноста за признавање на независноста на Украинската православна црква.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
По 30 години откриен: „Ноќниот предатор“ призна вина за сексуалните напади во Сиднеј

Австралиецот Глен Гери Камерон (61), познат како „Ноќниот предатор“, призна вина за серија сексуални напади врз жени во Сиднеј на почетокот од 1990-тите.
Камерон беше уапсен минатата година на аеродромот во Сиднеј, откако полицијата со нови ДНК анализи ги поврза старите случаи. Тој се изјасни виновен за 13 од вкупно 36 дела, меѓу кои 11 обвинувања за тешки сексуални напади со закана со оружје.
Жртвите, осум жени на возраст од 17 до 45 години, најчесто биле мамени со лажни понуди за работа и нападнати во близина на железнички станици и паркови. Пресудата се очекува следниот месец.
Фото: судски цртач / суд во Сиднеј
Свет
Птичји грип потврден во Полска

Полска пријави појава на високопатоген птичји грип H5N1 на две живинарски фарми, објави вчера Светската организација за здравје на животните (WOAH).
Вирусот е откриен на фарма за гуски и на фарма за мисирки во градот Суш и уби приближно 4.000 птици, објави WOAH повикувајќи се на извештај од полските власти.
Во мај Варшава го потисна вирусот H5N1, според WOAH.
Во меѓувреме, вирусот повторно почна да се шири во Европа и од крајот на август Норвешка, Германија, Португалија и Бугарија пријавија појава на птичји грип. Во средината на јули болеста се појави и на фарма за мисирки во Шпанија.
Птичјиот грип обично се шири меѓу живината во Европа на почетокот на есента, забележува „Ројтерс“.
Варшава минатата недела изјави дека се надева дека ќе ги продолжи испораките во Кина во рок од еден месец по потпишувањето на договорот со Пекинг. Извозот беше суспендиран поради ширењето на птичјиот грип во 2023 година.
Вредноста на извозот на полска живина во Кина се проценува на две милијарди злоти (470,69 милиони евра).
Свет
(Видео) Новиот кинески носач на авиони има технологија каква што имаат само Американците

Најновиот и најнапреден носач на авиони во Кина, „Фуџијан“, успешно лансира три типа авиони користејќи го својот нов електромагнетен катапулт. Кинеските државни медиуми објавија снимки од лансирањето нарекувајќи го голем технолошки пробив и пресвртница во модернизацијата на морнарицата, објави Си-ен-ен.
Снимките објавени од државниот радиодифузер CCTV го прикажуваат ловецот од петта генерација, невидливиот „J-35“, повеќенаменскиот ловец „J-15T“ и авионот за рано предупредување и контрола „KJ-600“ како полетуваат од носачот. Сите беа лансирани со помош на напреден систем познат како EMALS (Електромагнетен систем за лансирање авиони).
Освен Кина, единствената земја во светот што ја има оваа технологија се САД на нивниот најнов носач на авиони, USS Gerald R. Ford. Аналитичарот и поранешен капетан на американската морнарица, Карл Шустер, верува дека успешните тестови би можеле да значат дека „Фуџијан“ би можел да влезе во официјална служба со Морнарицата на Народноослободителната армија (PLAN) за само неколку недели.
Системот EMALS им овозможува на авионите да полетуваат со поголем товар оружје и гориво во споредба со двата постари кинески носачи, „Шандонг“ и „Лијаонинг“, кои користат рампи за полетување од типот ski-jump. Ова ќе им овозможи на авионите од „Фуџијан“ да напаѓаат цели од поголеми растојанија и ќе им даде на кинеската морнарица таканаречени можности сина вода, односно можност за дејствување на отворен океан.
Сепак, за разлика од американските носачи, кои се на нуклеарен погон, „Фуџијан“ користи конвенционално гориво, што го ограничува неговото време на море.
фото: принтскрин