Свет
Руска телевизија за првпат ја прикажа внатрешноста на куфер за активирање нуклеарни ракети
Руската телевија „Ѕвезда“ за прв пат покажа како изгледа внатрешноста на т.н. нуклеарен куфер.
„Сакам да забележам дека копчето ‘старт’ е со бела боја (а, не е црвено како што најчесто се мисли). Куферот е со офицер кој постојано е некаде во близина на врховниот командант“, рече водителот на програмата, Алексеј Јегоров.
Ядерный чемоданчик показали в раскрытом виде:
https://t.co/PxXtCvEyZg pic.twitter.com/CiAoDA9862— Телеканал “Звезда” (@zvezdanews) December 5, 2019
Тој додаде дека една од компонентите на куферот е флеш-картичка.
„Таа е индивидуална. Тоа е еден од клучевите кои се ставаат. За другите детали во врска со овој куфер, сепак нема да разговараме“, додаде Јегоров, а пренесе „Спутник“.
Тој истакна дека куферот е стар 50 години, но дека јавноста за прв пат може да го види одвнатре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Еди Рама оттурна новинарка, не му се допадна прашањето што му го постави
Албанскиот премиер Еди Рама за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката, откако, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.
Како што пренесува „Газета10“, Еди Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ откако таа му поставила прашање.
Наводно, новинароката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, додека во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.
После тоа дошло до физички контакт, а се се случило додека бил опкружен со новинарски екипи.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
– Ве молам, не ме допирајте повеќе – реккла новинарката додека Рама си заминувал по инцидентот, пренесува Блиц.
Свет
Во Мексико нападната шефицата на полицијата на автопат, ѝ ја отсекле главата
Мексиканските власти вчера објавија дека една шефица полицајка и нејзините двајца помошници биле убиени при напад на автопат во државата Мичоакан. Агенцијата за државна безбедност на социјалните мрежи објави дека тројца полицајци биле убиени за време на должноста во неделата вечерта, пишува „Си-би-ес њуз“.
Меѓу нив беше и Кристал Гарсија Хуртадо, регионален полициски командант. Локалните медиуми јавија дека напаѓачите ѝ ја отсекле главата.
„Го осудуваме кукавичкото убиство на нашите колеги од полицијата, кои беа брутално нападнати додека ја извршуваа својата должност“, се вели во објавата на социјалните мрежи, во која се идентификувани другите две жртви како Ицел Мадеро Лареа и Давид де Хесус Еспиноза Валдез.
Нападот се случил на автопатот што ги поврзува градовите Пацкуаро и Уруапан. Државното обвинителство на Мичоакан, кое ја води истрагата, веднаш не го коментира инцидентот. Мичоакан има голем проблем со конфликтите меѓу бандите. На почетокот на овој месец тројца земјоделци беа разнесени со бомба.
Тоа се случи само неколку дена откако претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор призна дека импровизирана експлозивна направа убила најмалку четворица војници, во, како што рече, стапицата што веројатно ја поставил картелот Мичоакан. Во февруари двајца кандидати за градоначалник на градот Мараватио беа убиени за неколку часа еден од друг.
Свет
Лојд Остин: Нема да дозволиме Украина да пропадне
Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, на состанокот на контакт-групата за одбрана на Украина изјави дека Вашингтон нема да дозволи Украина да пропадне.
„САД нема да дозволат Украина да пропадне. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да пропадне“, рече Остин на почетокот на состанокот на претставниците на 50-те земји, кои обезбедуваат воена помош за Украина, пренесува „Ројтерс“.
Средбата се одржува во американската воена база во Рајмштајн, Германија.