Свет
Руска шпионка над 10 години работела во Амбасадата на САД во Москва
Осомничена руска шпионка повеќе од 10 години работела во Амбасада на САД во Москва, објави „Гардијан“.
Русинката, во рамки на ангажманот од американската Влада, со години работела во тајните служби на САД, а е осомничена дека важни податоци потоа ѝ пренесувала на Руската разузнавачка служба (ФСБ). Ова било утврдено по рутинската проверка на безбедноста спроведена од Стејт департментот во 2016 година, изјавил за медиумите висок службеник на американската администрација.
Откриено е дека жената имала редовни тајни состаноци со претставници на ФСБ.
Suspected Russian spy was working in US embassy in Moscow more than a decade. Hired by US Secret Service, she had access to agency’s intranet/email systems which included confidential material such as schedule of president and vice-presidenthttps://t.co/79kWIqziCF
— Kim Zetter (@KimZetter) August 2, 2018
„На состаноците им давала многу повеќе информации отколку што е дозволено“, соопштил официјалниот американски претставник.
Регионалната канцеларија за безбедност ја предупредила амбасадата за осомничената шпионка во јануари минатата година, а таа добила отказ минатото лето.
Русинката имала пристап до онлајн системите на американската тајна служба, но не и пристап до строго доверливи информации, поради што не претставува закана за националната безбедност на САД, рекол американскиот претставник.
Лице добро запознаено со случајот, за Си-ен-ен изјавило дека Русинката била вработена во Стејт департментот, но вршела активности и за тајните служби.
Од Стејт департментот одбиле да го коментираат случајот. Американската тајна служба во четвртокот соопшти дека Русинката во ниту еден момент од нејзиното дејствување не можела да дојде до доверливи информации поврзани со националната безбедност.
„Во принцип, ние сме свесни дека странските разузнавачки служби се обидуваат да ги искористат вработените од Владата на САД. Оттаму, агенцијата врши ригорозни проверки на сите наши вработени надвор од државата“, изјавиле од Стејт департментот, од каде додале дека доколку се утврди оти вработените ги прекршуваат прописите за безбедност, се преземаат соодветни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos

