Свет
Рускиот амбасадор во САД: Американските критики за руската помош во Италија се цинични

„Критиката од САД насочена кон помошта на Русија за Италија во борбата против коронавирусот е неоснована, цинична и неморална“, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
„Неосновани критики и недоверба за помошта што Русија ѝ ја дава на Италија се цинични, неморални и сурови за оние што се борат за својот живот. Нашите воени лекари – лекари и медицински сестри – ризикуваат многу секој ден за разлика од оние што се осмелуваат да го сметаат процентот на ефективност на нивната работа“, рече Антонов на официјалниот профил на руската амбасада во Вашингтон на „Фејсбук“.
Според него, руските воени лекари во Италија се борат против глобалната закана.
„Руските специјалисти во Бергамо се борат против глобалната закана. Тие ги спасуваат не само Италијанците туку и сопствените сонародници и го намалуваат обемот на заканата“, додаде амбасадорот.
„Оние што ја политизираат нашата подготвеност да им дадат помош на луѓето на Апенините не ја знаат историјата многу добро. Треба да бидат потсетени за руските морнари кои дојдоа на Сицилија во 1908 година по катастрофалниот земјотрес таму (НАТО или ЕУ не постоеја тогаш!) и за мисијата на Русија за спасување и реставрација во Аквила по трагедијата во 2009 година“, рече Антонов.
Според последните извештаи, бројот на потврдени случаи на коронавирус во Италија достигна 105.792, а бројот на починати изнесува 12.428.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
На пропалестинските протести во Женева употребени солзавец и водени топови, повредени пет полицајци

Швајцарската полиција денес објави дека пет полицајци се повредени во Женева во судири со пропалестинските демонстранти, на кои службите за итни случаи одговорија со солзавец и водни топови.
Првично мирниот протест во поддршка на флотилата за Газа, кој собра околу 3.000 учесници, го запре сообраќајот во центарот на градот и стана насилен доцна синоќа.
Ваквите судири се ретки во Швајцарија, иако протестите за Газа станаа почести. Израелското пресретнување на флотилата предизвика протести во Женева, Цирих и Берн, како и во Италија и Колумбија.
Полицијата денес соопшти дека едно лице е уапсено и дека е покрената истрага откако петмина од нивните полицајци биле повредени.
Портпаролот на полицијата вчера изјави дека се потребни солзавец и водени топови за смирување на немирите, како и дека демонстрантите фрлале предмети и предизвикале материјална штета.
Фото: ЕПА
Регион
На средбата со Путин, Додик ги нарече Германците примитивци од Западот

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, повторно побара поддршка од рускиот претседател Владимир Путин, а откако двајцата се сретнаа во Сочи синоќа, изјави дека ја добил и дека смета на Москва да продолжи да биде негова силна поддршка.
На снимките прикажани од јавниот сервис на РС (РТРС), можеше да се слушне како Путин го нарекува Додик претседател иако остана без мандатот на прв човек на РС уште во август, откако беше осуден на една година затвор за неспроведување на одлуките на високиот претставник.
Додик пристигна во Сочи на Валдај форумот, каде што Путин беше главен говорник.
„Знам дека ситуацијата во вашата земја и регион не е едноставна, може да се каже дека е комплицирана“, сè уште можеше да се чуе како Путин му вели на Додик пред да престане снимањето.
После тоа, Додик изјави за RTRS дека разговорот со Путин бил „многу отворен и фер“ и дека го повикал да „не го изоставува Балканот“ во разговорите со другите важни партнери, особено САД, и да не дозволи Германците да ја контролираат ситуацијата таму бидејќи, како што рече, тие не се на страната на Србите.
Додик ги нарече Германците, како и претставниците на другите влијателни земји што се занимаваат со Босна и Херцеговина, „исплашени примитивци од Западот“. Затоа, тој се потпира на Русија како можен коректив и верува дека сегашното претседателство на Русија со Советот за безбедност на ООН ќе биде корисно за неговите политички цели.
Фото: ЕПА
Европа
(Видео) Украинците нападнаа фабрика на рускиот хемиски гигант на 1.700 километри од фронтовската линија

Украинските беспилотни летала синоќа ја нападнаа хемиската фабрика „Азот“ во рускиот Пермски регион, на повеќе од 1.700 километри од украинската граница, потврди регионалниот гувернер Дмитриј Махоњин, објави „Киев Индепендент“.
💥Russian “Uralchem Azot” plant in Berezniki, Perm Krai, was hit — around 1,600km from the frontline, one of the longest-range strikes so far. It’s among Russia’s biggest fertilizer producers, making ammonia, urea and ammonium nitrate.
These chemicals also serve in explosives… pic.twitter.com/33hqqUYZzi
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) October 2, 2025
Нападот привремено го запре производството во фабриката, која е меѓу најголемите руски производители на азотни ѓубрива, но е и клучен снабдувач на хемикалии што се користат во земјоделството и експлозиви.
Фабриката „Азот“, која се наоѓа на границата помеѓу европскиот и азискиот дел на Русија, произведува амонијак, уреа, амониум нитрат и други хемиски соединенија. Минатата година, компанијата пријави рекордно производство од повеќе од 2,3 милиони тони производи.
Ukrainian drones reportedly struck the Azot chemical plant in Berezniki, Perm Krai overnight. A short disruption to production was confirmed by local authorities. Explosions were heard near the facility, which stores ammonium nitrate. https://t.co/LXcOQYPwpJ pic.twitter.com/3tBuy6Pq46
— WarTranslated (@wartranslated) October 3, 2025
„Според најновите информации, нападот со непријателски беспилотни летала бил извршен ноќе… Имало краток застој во технолошкиот циклус во ‘Азот’“, изјави гувернерот Махоњин.
„Специјалистите за итни служби продолжуваат да работат на местото на настанот, а формиран е и оперативен штаб“.
фото: принтскрин