Европа
Рускиот патријарх Кирил: Длабоко жалам за пожарот, Нотр Дам е ремек-дело на христијанската архитектура
Рускиот патријарх Кирил денеска изјави дека неговото срце тагува поради пожарот во катедралата Нотр Дам, која ја нарече ремек-дело на христијанската архитектура.
„Патријаршијата е длабоко натажена од веста за катастрофалниот пожар кој ѝ предизвика голема штета на париската црква Нотр Дам, светилиштето на Римокатоличката црква во Париз“, се вели во соопштението објавено на интернет-страницата на Руската православна црква.
„Сочувствувам со вас и со сите оние што му се восхитуваат на ремек-делото на христијанската архитектура, кое зазема посебно место меѓу спомениците на светското културно наследство“, се вели во соопштението на патријархот московски и на цела Русија.
„Се надевам дека заедничките напори на Црквата, државата и сите други во реконструкцијата на катедралата ќе бидат крунисани со успех“, стои во соопштението, а пренесува порталот „Индекс“.
Руската православна црква и Католичката црква долго време меѓусебно се игнорираа, сè до состанокот на папата Франциско и патријархот Кирил во февруари 2016 на Куба. Тоа беше прв состанок на патријарх на Руската православна црква и папа по расколот меѓу источната и западната црква во 1054 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.