Свет
Руски и кинески бродови ја почнаа втората заедничка патрола во Пацификот
Руски и кинески воени бродови ја почнаа својата втора заедничка патрола во регионот на Пацификот, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Како дел од спроведувањето на програмата за меѓународна воена соработка, воените бродови на руската морнарица и поморските сили на Кинеската народноослободителна армија спроведуваат втора заедничка патрола во Тихиот Океан“, соопшти Министерството, пренесува ТАСС.
Како што соопшти Министерството, бродовите ќе вежбаат заедничко тактичко маневрирање, организација на комуникациите, практично артилериско гаѓање и летови на бродски хеликоптери.
Според соопштението, задачите на патролната мисија се зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина, како и одржување на мирот и стабилноста во Азиско-пацифичкиот Регион. Првата ваква заедничка патролна мисија беше спроведена во октомври 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто: Следното гласање за санкциите против Русија ќе зависи од исполнувањето на ветувањата на Европската комисија
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека следното гласање на Унгарија за продолжување на санкциите кон Русија ќе зависи од тоа дали Европската комисија ќе ги исполни своите ветувања.
Во Мадрид, Сијарто истакна дека санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија во последните години ја „уништија конкурентноста на Европа“ и моделот на економски раст заснован на соработката со Русија, кој не е заменет со ништо, пренесе МТИ.
Тој исто така посочи дека санкциите предизвикале огромни загуби за европската економија, вклучително и Унгарија, која не беше вклучена во војната во Украина.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Свет
Германија го отфрли законот за построги мерки против мигрантите
По жестока дебата, Бундестагот денеска го отфрли предлог-законот на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ за намалување на приливот на мигранти.
„Законот не помина и тоа го прифаќам со жалење. Пропадна поради отпорот на социјалдемократите и зелените“, изјави претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц по гласање во Бундестагот.
Тој додаде дека се обидел да ги убеди претставниците на актуелната социјалдемократска-зелена малцинска влада да го поддржат неговиот предлог-закон со кој ќе се ограничи приливот на мигранти во Германија, но тие одбиле.
„Миграционата политика на социјалдемократите и зелените дефинитивно пропадна“, коментира Мерц.
Одлуката на Фридрих Мерц да го протурка гласањето за законот предизвика бура од контроверзии во германската политика, бидејќи се чинеше веројатно дека Мерц ќе мора да се потпре на поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) за усвојување на законот.
Претставниците на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Партијата на зелените претходно се обидоа да го одложат денешното гласање со цел да се создаде можност за компромис што ќе овозможи усвојување на законот без гласовите на десничарската популистичка АфД.