Свет
Руски морнарички офицер в затвор за шпионирање за украинската воена разузнавачка служба
Морнаричкиот офицер на руската Црноморска флота, кој доби 10 години затвор за шпионажа, работел за воената разузнавачка служба на украинското Министерство за одбрана, изјави за ТАСС извор од Центарот за односи со јавноста на ФСБ.
„Утврдено е дека неговата невенчана сопруга Сухоносова, регрутирана од офицер на Главната дирекција за разузнавање на украинското Министерство за одбрана, го ангажирала Долгополов Д.А. за тајна соработка со украинската разузнавачка агенција за парична награда”, вели изворот.
„Горенаведените лица намерно собирале и доставувале до украинската разузнавачка агенција класифицирани информации во врска со активноста на единиците и формациите на Црноморската флота, кои доколку стигнеле во странство, можеле да ѝ наштетат на националната одбрана”, истакна изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Несреќа во Хрватска: Бегале од полицијата и се забиле во ѕид, четворица мртви, меѓу кои и едно дете
Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот околу 7 часот во местото Брнаже кај Сињ. Четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница.
„Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти“, информираат од сплитско-далматинската полиција.
Сообраќајната несреќа се случила по полициска потера од Триљ до Брназ, каде патнички автомобил со унгарска регистрација поради пребрзо возење удрил во ѕид од семејна куќа, пишува Dalmacija news.
Загинаа дури четири лица.
Свет
ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“
Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел на Газа, кога израелски тенк испука гранати врз нив, по погрешни проценки дека се работи за непријателски сили, соопшти израелската армија.
Според прелиминарната истрага на ИДФ, тенк кој дејствувал заедно со падобранци во кампот Џабалија истрелал две гранати врз зграда во која биле сместени војници во 19 часот по локално време, пишува Тајмс оф Израел.
Тенковите сили пристигнаа во областа во раните утрински часови во средата, а неколку часа подоцна, падобранци пристигнаа во областа и зазедоа позиции во зградата.
Свет
Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот
Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност откако вчера беше застрелан повеќекратно во обид за атентат, изјави вицепремиерот.
Томаш Тараба за Би-Би-Си изјави дека операцијата на Фицо поминала „добро“ и дека на крајот се очекува да преживее.
Претходно министерот за одбрана изјави дека Фицо „се бори за живот“ откако беше тешко повреден во нападот во градот Хандлова.
Осомничениот е уапсен на местото на престрелката.
Министерот за внатрешни работи, Матус Сутај Естока, го опиша како политички мотивиран обид за атентат.
По пукањето, Фицо итно бил пренесен во болница и поминал неколку часа на операција „борејќи се за својот живот“, рече министерот за одбрана Роберт Калинак, кој зборуваше на прес-конференција пред болницата во која Фицо се лекуваше.
Оттогаш нема официјално ажурирање за состојбата на премиерот, но неговиот заменик изјави за Би-Би-Си дека г-дин Фицо „во моментов не е во животна опасност“.
„Колку што знам, операцијата помина добро и претпоставувам дека на крајот ќе преживее“, изјави Тараба.
Тараба додаде дека премиерот бил застрелан „од непосредна близина“ и дека „еден куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил зглобот“.