Свет
Руски танкер оштетен близу Кримскиот мост, мировен самит во Саудиска Арабија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/ру-укр-1.jpg)
Во Украина продолжуваат борбите. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека руските војници со сите сили се обидуваат да ги запрат одбранбените сили на Украина, но дека украинските бранители доминираат.
Во Џеда, пак, започнува дводневен мировен самит за Украина, на кој присуствуваат претставници од околу 40 земји. Претставникот на Русија нема да присуствува на состанокот. Саудиска Арабија е подготвена да придонесе за постигнување решение кое ќе резултира со траен мир во Украина, објави владата на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
„Нетфликс“ сними документарец за серискиот донатор на сперма, се претпоставува дека има 1.000 деца, тој тврди дека бројката е помала
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/donator-2.jpg)
Нетфикс има нов хит документарец наречен Човекот со 1.000 деца (The Man with 1000 Kids).
Станува збор за донатор на сперма, Холанѓанецот Џонатан Џејкоб Мајер. Во документарецот се интервјуирани бројни жени и парови на кои Мајер им помогнал да добијат дете, но им дека само неколку пати донирал сперма. Се претпоставува дека тоа го направил дури 1.000 пати, додека тој тврди дека „Нетфликс“ претерува и бројката е околу 500 деца.
Сериски донатор на сперма
Проблемот настанува откако родителите ширум Холандија забележале дека децата кои ги добиле со вештачко оплодување, со спермата на Мејер, изгледаат слично. Мејер донирал сперма не само во Холандија, туку и ширум светот, а на мапата во документарецот ја има и Србија. Го нарекуваат „сериски донатор на сперма“.
Станав донатор од љубов
Но, зборувајќи за медиумите, 42-годишниот холандски Јутјубер рече дека е разочаран од серијата и дека погрешно ги прикажува неговите намери како донатор на многу семејства и оти реалната бројка е многу помала. Прво тврдеше дека има приближно 250 деца, а подоцна спомена бројка од 500.
„Претпоставките за 1000 се смешни. Разочаран сум од опседнатоста со бројки. Станав донатор не поради бројки, туку од љубов и да им помогнам на родителите да го остваруваат својот сон, рече Мејер.
Тој за „Индепендет“ изјавил дека станал „зависен“ од донирање сперма.
„Понекогаш помислував дека имам многу деца и дека можеби треба да престанам, но тогаш ќе добиев нова порака и тешко ми е да кажам не“, рече тој. Смета дека серијата е резултат на селективна селекција на незадоволни семејства.
Нему му е забрането дополнително да донира сперма
Додека Нетфликс допрва треба да одговори на тврдењата на Мејер, извршната продуцентка на документарецот Натали Хил ја коментираше ситуацијата.
„Последните четири години ги поминав разговарајќи со семејствата кои беа погодени од лагите на Џонатан. Лично разговарав со 45 или 50 семејства“, изјави таа за Би-Би-Си.
На Мејер во Холандија му е забрането да донира сперма, а доколку го направи тоа, ќе мора да плати казна од 100.000 долари за секоја донација.
Свет
(Видео) Хорор во Америка, регистрирани неколку напади на ајкули
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-05-145108.jpg)
Три лица се повредени во напади на ајкула во Тексас и Флорида, соопштија денеска официјални лица.
Ајкула каснала за стапало млад човек недалеку од плажата на Флорида и тој бил пренесен во болница, јави Си-ен-ен.
Во Тексас група од четири лица наишле на ајкула додека пливале во океанот веднаш до брегот на островот Јужен Падре.
Ајкулата каснала двајца од нив, а уште едно лице од групата било повредено додека се обидувало да им помогне. Двете лица, кои биле каснати од ајкула, биле пренесени во болница во Браунсвил.
„Појавата на ајкули не е вообичаена во Тексас“, велат локалните власти.
Според податоците на Меѓународната организација за следење напади на ајкули, Тексас имал само 10 напади на ајкули од 2012 година. Најмногу имало на Флорида, дури 259, потоа на Хаваи – 76, Јужна Каролина – 45, а 31 напад на ајкула е забележан во Северна Каролина и 29 во Калифорнија.
Европа
Столтенберг: НАТО беше однапред информиран за одењето на Орбан во Москва
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/stoltenberg.jpg)
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека алијансата била однапред информирана за заминувањето на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во Москва на разговори со рускиот претседател, Владимир Путин.
Столтенберг на самитот на НАТО истакна дека Орбан патува во својство на премиер на Унгарија и дека нема да го претставува НАТО, чиј член е Унгарија, во Москва, пренесува „Ројтерс“. Орбан рано денеска пристигна во Москва и по пристигнувањето рече дека со оваа посета ја продолжува мировната мисија откако неодамна го посети Киев, каде што разговараше со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Столтенберг рече и дека НАТО работи на подготовка на Украина за приклучување кон алијансата.
„Сè што правиме, правиме за да ја направиме Украина посилна и поподготвена да се приклучи на нашиот сојуз“, рече тој додавајќи дека очекува земјите членки да обезбедат повеќе воздушна одбрана и муниција на Украина.
Столтенберг додаде дека Украина треба да одлучи, кои се прифатливите услови за мировни преговори. Од друга страна, според него, нема индиции дека Путин е подготвен за мир.