Свет
Руски хокеар уапсен во Полска под обвинение за шпионажа: „Паѓаат еден по еден“

Полска уапси руски хокеар, кој игра за полскиот прволигаш, под обвинение за шпионажа, соопштија денеска обвинителите, со што тој стана 14-то лице уапсено во шпионски синџир.
Хокеарот ќе биде задржан во истражен притвор и може да се соочи со казна затвор до 10 години.
„Руските шпиони паѓаат еден по еден!“, напиша на „Твитер“ полскиот министер за правда, Збигњев Зиобро.
Хокеарот е приведен во јужниот полски регион Шлезија, се вели во соопштението на обвинителот.
Хокеарот и неговиот тим не се јавно идентификувани, објави „Ројтерс“.
Обвинителот рече дека рускиот хокеар пристигнал во Полска во октомври 2021 година, а според Обвинителството, идентификувал критична инфраструктура за која бил платен од руска страна.
Полска во март објави дека разбила руска шпионска мрежа и приведе девет лица, кои наводно подготвувале акти на саботажа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Разни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека 20-ина проектили биле лансирани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави израелски воен претставник за Би-би-си, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле отворени области.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација