Свет
Рухани: Иран е подготвен да помогне во обновата на уништеното пристаниште во Бејрут
Иран е подготвен да му помогне на Либан во обновата на пристаништето во Бејрут, кое беше уништен по огромната експлозија што ја погоди областа минатата недела, изјави иранскиот претседател Хасан Рухани, пренесува „Спутник“.
Иранскиот претседател рече дека е време да му се помогне на Либан наместо да се користи ситуацијата за опортунистички цели. Рохани додаде дека Иран веќе обезбедил медицинска помош и е подготвен да стори и повеќе.
„Во телефонскиот разговор со либанскиот претседател Мишел Аун, му дадов збор – ако треба нешто, тие треба да кажат и ние ќе им помогнеме, дури и во обновувањето на пристаништето. Ние сме подготвени да помогнеме”, рече Рухани.
Катастрофата во Бејрут предизвика негодување во јавноста и големи протести во земјата, што резултираше со оставка на владата. Иранскиот претседател додаде дека на Либан му треба единство, смиреност и поддршка.
Во моќната експлозија на 4 август загинаа повеќе 170 луѓе, а беа повредени илјадници други. Според надлежните, експлозијата била предизвикана од 2.750 тони амониум нитрат, конфискувани од царинските служби во 2014 година.
Повеќе држави и меѓународни организации веќе ја понудија својата помош во справувањето со последиците од експлозијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“

