Свет
САД бараат ОПЕК да го зголеми производство на нафта

Американската влада побарала од Саудиска Арабија и од некои од другите членки на ОПЕК да го зголемат производството на нафта за милион барели на ден, пишува „Блумберг“.
Барањето доаѓа кога малопродажните цени на бензинот во САД пораснаа на највисоко ниво во последните три години и американскиот претседател Доналд Трамп јавно се пожали на социјалната мрежа „Твитер“ од политиките на ОПЕК и високите цени на нафтата.
Барањето исто така доаѓа по одлуката на Вашингтон да му воведе санкции на Иран и извозот на иранската нафта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Кси е еден од најпаметните луѓе во светот, тој точно знае што треба да направи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе паузира некои од своите нови царини на 90 дена и дека дополнително ќе ги зголеми царините за увоз од Кина. Ненадејната промена дојде помалку од 24 часа откако стапија на сила новите американски царини за увоз од десетици земји кои се трговски партнери на Соединетите Американски Држави.
Новите трговски бариери им нанесоа удар на пазарите, ја зголемија веројатноста за рецесија и доведоа до контрамерки од Кина и од Европската унија. Трамп рече дека ќе ги зголеми царините за увоз од Кина на 125 отсто од 104 отсто. Тој нагласи дека ќе ги зголеми царините за Кина поради „недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари“.
Претходно Кина објави царини од 84 отсто на увозот од САД. „Ја одобрив 90-дневната пауза и значително ги намалив реципрочните царини од 10 отсто во тој период“, рече тој, додавајќи дека одлуката за пауза и за зголемување на царините за Кина стапува на сила веднаш.
Трамп подоцна во Овалната соба изјави дека е подготвен да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг. „Се разбира, тој е мој пријател. Ми се допаѓа“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање дали би бил подготвен да разговара или да се сретне со кинескиот лидер. „Секако дека би се сретнал со него“, додаде тој.
На прашањето на новинарот зошто Белата куќа првично инсистираше дека нема да отстапи, ако целта е да ги охрабри другите земји да преговараат, Трамп одговори кратко: „Тоа се преговори“. „Кси е паметен човек и на крајот ќе постигнеме многу добар договор“, продолжи Трамп. Тој го нарече кинескиот претседател „еден од најпаметните луѓе во светот“.
Тој накратко се осврна и на американската воена моќ: „Имаме оружје за кое никој не знае“, рече тој, пред да се врати на темата и уште еднаш да го пофали Кси. „Кси е човек кој точно знае што треба да се направи. Тој ја сака својата земја. Во одреден момент телефонот ќе заѕвони – а потоа започнува трката“, рече Трамп.
Свет
Макрон: Франција би можела да ја признае Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз може да ја признае палестинската држава во јуни, додавајќи дека за возврат некои земји од Блискиот Исток би можеле да го признаат Израел. „Мораме да се придвижиме кон признавање (на палестинска држава). И во текот на следните неколку месеци ќе го направиме тоа. Не го правам тоа за да му угодам на никого. Ќе го сторам затоа што во одреден момент ќе биде фер“, рече Макрон на телевизијата Франс 5.
„И бидејќи јас исто така сакам да учествувам во колективната динамика, тоа исто така ќе им овозможи на оние кои ја бранат Палестина да го признаат Израел за возврат, нешто што многу од нив не го прават“, додаде Макрон.
Иако Палестина е призната од речиси 150 земји, повеќето западни сили не го направиле тоа, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Германија и Јапонија. Меѓу земјите кои не го признаваат Израел се Иран, Сирија, Јемен и Саудиска Арабија.
„Нашата цел е да претседаваме со конференција во јуни, заедно со Саудиска Арабија, каде би можеле да го финализираме планот за меѓусебно признавање“, рече Макрон.
Макрон организира конференција за решението за две држави со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во јуни, а тој собир, според дипломатски извори, може да биде „поволниот момент“ што Франција го чека за на крајот да ја признае палестинската држава.
Европа
Кралот Чарлс и Камила ненајавено го посетија папата Франциско

Папата Франциско вчера имаше ненајавена средба со британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, кои се во посета на Италија, соопштија Ватикан и Бакингемската палата.
Портпаролот на Бакингемската палата рече дека кралот и кралицата се „воодушевени“ што папата е во доволно добра здравствена состојба за да ги прими, откако средбата претходно беше откажана поради здравствената состојба на папата.
Чарлс Трети и Камила требаше да имаат официјална државна посета на Ватикан, заедно со посетата на Италија, но таа беше откажана откако лекарите му препишаа на Франциско два месеци одмор и закрепнување по хоспитализацијата.
Папата приватно ја прими кралската двојка и им посака се најдобро за нивната 20-годишнина од бракот, која ја прославија во среда, се вели во соопштението на Ватикан.
Франциско и Чарлс се сретнаа двапати претходно, во 2017 и 2019 година, пред актуелниот британски монарх да стане крал.
Покојната кралица Елизабета го посети папата Франциско во Ватикан во 2014 година.
Папата се уште се опоравува по престојот во болница со билатерална пневмонија.
Гласот и мобилноста на папата Франциско продолжуваат да се подобруваат благодарение на неговите секојдневни вежби, соопшти во вторникот Канцеларијата за печат на Ватикан.
Кралот Чарлс Трети од февруари 2024 година се лекува од рак, чиј тип никогаш не беше јавно објавен, а беше откриен по операцијата за зголемена простата.