Свет
САД: Вакцини за деца под 5 години најрано на 21 јуни
Антиковид-вакцини за деца под пет години треба да почнат најрано на 21 јуни, изјави високиот здравствен функционер во администрацијата на Бајден, координатор на Белата куќа за борба против ковид кој рече дека администрацијата на Бајден првично ќе обезбеди 10 милиони вакцини за сите американски држави.
Вакцините на компаниите Фајзер и Модерна ќе се најдат во аптеките и здравствените центри, објави ЦНБЦ.
Државите можат да почнат да нарачуваат вакцини уште денес, додаде функционерот, но дозите може да се испорачаат само откако Управата за храна и лекови на САД (ФДА) ќе го одобри.
ФДА треба да ја официјализира одлуката за давање вакцини на деца од предучилишна возраст по состанокот на независните експерти на агенцијата и да ги прегледа достапните податоци за вакцините на 15 јуни.
Потоа, Центрите за контрола и превенција на болести ќе дадат препорака со која се отстрануваат сите пречки за давање вакцина на децата, пренесуваат светските агенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со Зеленски
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други европски лидери, изјави портпарол на ЕК.
Белата куќа претходно соопшти дека Трамп ќе се сретне со Зеленски утре во Палм Бич на Флорида.
Средбата е закажана за 15 часот по локално време и ќе биде посветена на напорите за прекин на војната во Украина.
Свет
Има повредени во рускиот напад врз Киев
Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран од Укринформ.
„Досега, четворица од повредените во непријателскиот напад добиле медицинска помош. Тројца се хоспитализирани, а еден е прегледан и се лекува надвор од болницата“, рече Кличко.
Според него, пожар избувнал во сервис за автомобили во југозападниот дел на Киев. Во северниот дел на главниот град, остатоци од беспилотни летала паднале во населба со викендици, а во североисточниот дел од градот има остатоци на отворен терен.
Градоначалникот додаде дека сите служби за итни случаи и спасување се на местото на нападот.
Свет
Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси
Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси и поголемиот дел од североисточните држави на САД.
Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во американскиот воздушен простор, во земјата се откажани 1.659 летови – речиси десет пати повеќе од претходниот ден. Предупредувањето за зимска бура останува на сила за регионот, а на некои места има прогноза и за замрзнат дожд.
Националната метеоролошка служба на САД предвидува до 13 сантиметри снег во Њујорк и до 28 сантиметри во областите северно и североисточно од градот.
Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат патувања и да останат дома доколку е можно.
Според медиумските извештаи, бурата би можела да ги донесе најголемите снежни наноси во градот во последните три години. Летовите се откажани и на аеродромите во Филаделфија и Балтимор, како и во Торонто, најголемиот деловен центар во Канада.

