Свет
САД го обвинија шефот на ОН дека попушта пред руските закани
Соединетите Американски Држави го обвинија генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека „очигледно им попушта на руските закани“ и дека не испратил официјални лица во Украина за да ги проверат беспилотните летала што ги користи Русија за кои Вашингтон и другите велат дека биле испорачани од Иран, објави „Ројтерс“.
Русија наводно негира дека нејзините сили користеле ирански беспилотни летала во Украина и тврди дека претставниците на ОН немаат мандат да патуваат во Киев за да го истражат потеклото на беспилотните летала.
Иран, од друга страна, призна дека ја снабдувал Москва со беспилотни летала посочувајќи, сепак, дека тие биле испратени пред Русија да ја нападне Украина.
Велика Британија, Франција, Германија, САД и Украина истакнуваат дека испораката на беспилотни летала од иранско производство во Русија ја прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2015 година, со која се потврдува иранскиот нуклеарен договор. Тие очекуваат Гутереш да испрати официјални лица во Киев за да го истражат проблемот.
„Жалиме што ОН не почнаа нормална истрага за тоа прекршување“, рече заменик-американскиот амбасадор во ОН, Роберт Вуд, на состанокот на Советот за безбедност во понеделникот за резолуцијата за иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.
Во извештајот до Советот претходно овој месец, Гутереш рече дека претставниците на ОН ги испитуваат достапните информации и дека сите наоди ќе им бидат достапни на властите во догледно време.
Запрашан во понеделникот за притисокот со кој се соочува, Гутереш им рече на новинарите дека западните обвиненија оти Иран ѝ испорачувал на Русија беспилотни летала користени во Украина се гледаат во поширок контекст на сето она што ОН го прави поврзано со таа војна, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.
Свет
(Видео) Израелската армија објави снимка од нов голем напад врз Техеран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка од воздушен напад врз, како што наведуваат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран.
На видеото се гледа уништување на две згради во иранската престолнина.
Претходно, војската соопшти дека спроведува бран обемни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“.
צפו בתיעוד ראשון מהמטס הרחב של חיל האוויר בלב טהראן
מצורף תיעוד מהדקות האחרונות של השמדת מפקדה של משטר הטרור האיראני בלב טהראן pic.twitter.com/jGSpx0oo2Y
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 1, 2026
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА

