Свет
САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“
Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од Австралија и САД.
Според Си-ен-ен, експертите велат дека подморниците би можеле да бидат иднината на подводното војување користејќи огромна моќ додека ја намалуваат заканата за човечкиот живот.
Употребата на беспилотни летала во војните стана вообичаена. САД ги користеа интензивно за време на конфликтите во Ирак и Авганистан во раните 90-ти и во 2010-тите, а поновите, поевтини беспилотни летала станаа клучни парчиња воена опрема за двете страни во руската инвазија на Украина. Киев има изградено и поморски површински дронови.
Australia's robotic submarine program is a year ahead of schedule as the government takes delivery of the first Ghost Shark Extra-Large Autonomous Undersea Vehicle (XL-AUV) prototype, with three more to follow next year.
CONT– pic.twitter.com/5ct2Rfc6Zw— RajBhaduriAviator (@RajBhads90) April 23, 2024
Дроновите од воздух и море може да се контролираат со помош на сателити и светлосни и радиобранови. Но, тие не работат на ист начин во длабочините.
Студијата од 2023 година објавена во швајцарското списание Sensors истакнува дека подводните комуникации бараат повеќе енергија, но сепак доживуваат значителна загуба на податоци поради променливите, вклучувајќи ги температурата на водата, соленоста и длабочината. Проблеми има и со комуникациите.
Но, кога Австралија ја претстави Ghost Shark минатиот месец, таа ги нарече прототипите „најнапредните подводни автономни возила во светот“. „Ghost Shark ќе ѝ обезбеди на морнарицата автономна подводна војна со долг дострел, стелт што може да спроведува континуирано разузнавање, надзор, извидување (ISR) и удари“, се вели во соопштението на австралиското Министерство за одбрана додавајќи дека се очекуваат првите сериски модели да бидат испорачани до крајот на следната година.
Ваквите подводни беспилотни летала се по урнек на американските „Орки“, кои се развиваат во САД и се многу слични по спецификациите.
Освен Австралија и САД, кои отидоа најдалеку во развојот на овие подморници, други земји што работат на UUV се Кина, Канада, Франција, Индија, Иран, Израел, Северна Кореја, Норвешка, Русија, Јужна Кореја, Украина и Обединетото Кралство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

