Свет
САД назначија амбасадор во Венецуела првпат по една деценија
САД го назначија својот прв амбасадор во Венецуела од 2010 година, пренесува РТ. Џејмс Стори, кој ја водеше виртуелната амбасада од соседна Колумбија, и претходно вети дека ќе работи на транзиција на власта во Каракас.
Номинацијата на Стори беше потврдена со гласање на американскиот Сенат. Тој претходно раководеше со американската виртуелна амбасада додека служеше како организатор на единицата за венецуелски работи во Богота, Колумбија.
Вашингтон и Каракас не разменуваат амбасадори од 2010 година кога тогашниот венецуелски лидер Уго Чавез одби да го прифати Лари Палмер, номиниран од Барак Обама, за американски амбасадор.
Чавез рече дека Палмер ги прекршил сите правила на дипломатијата кога го обвини Каракас за поддршка на левичарските милитанти ФАРК во Колумбија. Вашингтон возврати со одземање на визата на венецуелскиот амбасадор Бернардо Алварез Ерера.
Дипломатските врски уште повеќе се влошија во 2018 година кога претседателот Николас Мадуро го протера Тод Робинсон, шефот на мисијата на САД во Каракас, обвинувајќи го за планирање воен, економски и политички заговор против него.
Вашингтон отворено го оспорува претседателството на Мадуро и го поддржа опозицискиот политичар Хуан Гваидо кого парламентот, кој е под контрола на опозицијата, го избра за привремен претседател и воведе огромни санкции за Венецуела.
Во март Министерството за правда на САД ги обвини Мадуро и неколку други високи претставници на Венецуела за корупција, трговија со дрога и за наркотероризам.
Во меѓувреме, Мадуро ги обвинуваше САД за мешање во внатрешните работи на земјата и заговор за соборување по државен удар. Тој исто така ги осуди санкциите велејќи дека тие ги повредуваат обичните луѓе.
Confirmed by voice vote: Executive Calendar #882 James Broward Story, a Career Member of the Senior Foreign Service, Class of Counselor, to be Ambassador Extraordinary and Plenipotentiary of the United States of America to the Bolivarian Republic of Venezuela.
— Senate Cloakroom (@SenateCloakroom) November 18, 2020
Стори, најверојатно, ќе продолжи да работи од Богота бидејќи отворено го поддржува тврдиот став на администрацијата на Трамп кон Венецуела. Тој го смета Мадуро за нелегитимен претседател и повика на уставна транзиција на власта во земјата.
„Ако бидам потврден, ќе работам неуморно со мојот тим за да се погрижам оваа транзиција да биде успешна“, рече тој пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот.
Не е јасно дали назначувањето на Стори ќе ја смени улогата на Елиот Абрамс, специјалниот претставник на САД за Венецуела. Неговата улога беше официјално проширена на почетокот на годинава, вклучително и во Иран.
Познат по своите воинствени надворешнополитички ставови, Абрамс се поврзува со поддршката на Вашингтон за антивладините сили во Централна Америка во 80-тите години. Во 1991 година тој беше прогласен за виновен за прикривање информации од Конгресот за тајната програма за финансирање на бунтовниците во Никарагва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.