Свет
САД наредија итно повлекување на дел од персоналот во Ирак
Вашингтон нареди повлекување на својот персонал што не е неоходен од Ирак, соопшти Амбасадата на САД во Багдад во средата, пренесува РТ.
Овој чекор следи по предупредувањето од неделата, кога амбасадата предупреди за зголемени тензии во Ирак и ги повика американските граѓани да останат внимателни.
Дел од американските државни службеници треба итно да ја напуштат амбасадата во Багдад, како и американскиот конзулат во Ербил, главниот град на ирачки Курдистан. Нормалните визни услуги ќе бидат привремено прекинати.
На американските државјани им е советувано да ги избегнуваат локациите на американската влада во Ирак и да ја напуштат земјата што е можно поскоро.
Во исто време, Германија денеска го суспендира своето учество во ирачката воена програма за обука поради зголемените тензии во регионот, објави ДПА, цитирајќи воени извори. Портпаролот на германското Министерство за одбрана ги потврди овие информации, велејќи дека Германија има индиции за можни напади, наводно поддржани од Иран.
„Но тоа не значи дека програмите за обука не би можеле да продолжат во наредните денови“, додаде портпаролот.
Во моментов има 160 германски воени лица во Ирак.
Изјавата доаѓа еден ден откако Централната команда на САД објави дека американските сили во Ирак и Сирија се ставени на највисока подготвеност по веродостојните закани од иранските сили во регионот. Пред една недела и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, предупреди за многу специфични закани кои доаѓаат од иранската активност во Ирак.
„Овие закани претставуваат значителен ризик за дипломатските мисии и за службениците на САД стационирани во земјата,“ изјави тој за „Скај њуз“ по посетата на Багдад.
Вашингтон претходно го распореди УСС Абрахам Линколн во Персискиот Залив. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, рече дека треба да му се пренесе порака на Иран дека САД се подготвени за какви било напади врз нејзините интереси.
Во меѓувреме, Багдад продолжува да се соочува со терористички напади. Во четвртокот бомба експлодираше на пазар, при што загинаа осум лица. Одговорноста за експлозијата за презеде терористичката Исламска држава.
Минатата есен САД го затворија својот конзулат во ирачкиот град Басра, наведувајќи ги како причина заканите од Иран. Вашингтон, исто така, го обвини Иран дека го напаѓа американскиот конзулат и амбасадата во ирачкиот главен град Багдад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.