Свет
САД подготвува огромен пакет-помош за Украина: вклучува и тенкови и противвоздушна одбрана

Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, подготвува поголем од вообичаениот пакет воена помош за Украина, кој ќе вклучува оклопни возила, заедно со итно потребната артилерија и противвоздушна одбрана, според двајца американски претставници.
Американскиот Сенат денеска треба да гласа за пакет-помошта, кој се очекува речиси сигурно да биде усвоен бидејќи Претставничкиот дом ја одобри помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправии.
Конечниот пакет, кој предвидува неверојатни 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и Тајван, заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне до бирото на претседателот Џо Бајден за одобрување до крајот на неделата.
Бајден во вчерашниот телефонски разговор му ветил на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев може да очекува брзо пристигнување на помошта.
Украинската војска се соочува со сериозен недостиг на оружје и нови регрути додека Москва врши постојан притисок од исток. Се очекува условите да се влошат на првите линии во наредните недели, а шефот на украинското разузнавање, Кирило Буданов, предвиде „прилично тешка ситуација“ од средината на мај.
Покрај парите за Украина, гласањето во вторник ќе донесе одлука и за 13 милијарди долари за војната на Израел со Хамас, повеќе од 9 милијарди долари за хуманитарна помош во Газа и на други места и 8 милијарди долари воена помош за Тајван за соочување со Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е важен

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е фантастичен лидер, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик.
Во видео објавено на фејсбук-страницата на премиерот Трамп го фали Орбан.
„Тука ја имаме Унгарија. Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас сум единствениот што е важен“, рече Трамп.
На покана на Трамп, Орбан присуствуваше на потпишувањето на договорот за крај на војната во Газа вчера во Египет. Трамп додаде дека го поддржал Орбан на последните избори и дека „тој победил со 28-процентни поени“.
„Затоа следниот пат ќе се покажете уште подобро. Сто проценти стоиме зад вас“, му рече тој. Орбан одговори во своето соопштение. „Ви благодарам, господине претседателе! Продолжуваме по патот на мирот!“, рече тој.
Свет
(Видео) Трамп: Го испратив Виткоф кај Путин, тој немаше поим ниту за Русија ниту за Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, откри детали за необична средба со рускиот претседател Владимир Путин во говорот пред израелскиот парламент синоќа, во која, како што рече, неговиот специјален пратеник Стив Виткоф одиграл важна улога.
„Го испратив Виткоф да се сретне со Путин мислејќи дека ќе биде средба од 15 до 20 минути. Виткоф немаше поим ниту за Русија ниту за Путин. Тој не знаеше многу за политиката“, рече Трамп предизвикувајќи смеа кај израелските пратеници во парламентот.
Trump: “I sent Witkoff to meet with Putin thinking it would be 15-20 minute meeting.
Witkoff had no idea about Russia or Putin. He did not know much about politics.”WHO THE HELL SENDS A NOVICE TO NEGOTIATE THE BIGGEST WAR IN EUROPE SINCE WW2?! pic.twitter.com/xFlQGxfvxi
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) October 13, 2025
Трамп откри дека состанокот траел пет часа и дека многу се изненадил поради тоа.
Виткоф беше бизнисмен и адвокат пред Трамп да го назначи за специјален пратеник за Блискиот Исток и мировните операции оваа година и тој постојано се среќаваше со Путин и со руски претставници како дел од преговорите за војната во Украина.
Свет
Сите летови откажани, најавени национални демонстрации во Белгија

Се очекува десетици илјади демонстранти да се соберат денес во Брисел во знак на протест против планираните намалувања на владиниот буџет, што последователно ќе предизвика големи нарушувања во воздушниот сообраќај и во функционирањето на јавните услуги.
Поради отсуството на безбедносниот персонал од работа на најголемиот аеродром во Белгија, „Завентем“, сите појдовни летови се откажани, како и неколку дојдовни, објави аеродромот.
На веб-страницата на аеродромот „Шарлроа“, втор по големина во земјата, се наведува дека ниеден авион нема да полетува или слетува таму.
Белгиската новинска агенција „Белга“ објави дека протестите ќе влијаат и на локалниот јавен превоз во сите три региони, при што помалку од половина од сите закажани автобуси, трамваи и метроа работат.
Белгиските медиуми известуваат дека тешкотиите ќе се почувствуваат и во собирањето отпад и во поштенскиот сектор. Сепак, железничкиот оператор СНЦБ соопшти дека додал повеќе возови до Брисел за да им овозможи на демонстрантите да патуваат до главниот град.
Трите главни синдикати, либералниот ЦГСЛБ, христијанскиот ЦСЦ и левичарскиот ФГТБ, заеднички повикаа на национални демонстрации против промените во пензиите и надоместоците за невработеност, како и падот на куповната моќ.
Полицијата ги советуваше граѓаните да не патуваат до Брисел со автомобил бидејќи многубројни патишта ќе бидат затворени поради очекуваниот прилив на демонстранти.
Фото: ЕПА