Свет
САД се отворени за идејата за заеднички операции со Русија во Сирија
Соединетите држави се отворени за идејата за спроведување заеднички воени операции па и со Русија против џихадистичката терористичка групација Исламска држава во Сирија, изјави во понеделникот портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
„Како што јасно даде до знаење нашиот претседател (Доналд Трамп), ние сме подготвени за соработка со која и да е земја во борбата против Исламската држава, доколку тоа соодветствува со нашите национални интереси“, рече портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, на брифингот со новинарите одговарајќи на прашањето за можноста САД да соработуваат со Русија и да изведуваат заеднички воени операции против терористите во Сирија.
Ова беше објавено откако Пентагон го демантираше соопштението на руското министерство за одбрана во понеделникот дека заедничките воздушни удари кои претходниот ден ги изведоа Русија и Турција против Исламската држава, исто така, биле координирани со американската страна, односно дека биле добиени податоци.
„Доколку постои можност за сузбивање на Исламската држава со која и да е земја, било да станува збор за Русија или некоја друга, со којашто ги споделуваме националните интереси во овој проблем, ние сме согласни“, додаде Спајсер на својата прва средба со новинарите откако Доналд Трамп ја презема претседателската должност во на 20-ти јануари.
На прашањето дали тоа претставува отворање кон владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, Спајсер изјави дека „нема да се поврзуваме со некој под изговорот дека сака да ја порази Исламската држава, доколку американските интереси не им се приоритет“.
На својата инаугурација во петокот, Трамп изјави дека САД имаат намера да го обединат цивилизираниот свет во борбата со „радикалниот исламски тероризам“, кој мора да биде избришан од лицето на Земјата.
Во Кремљ, коментирајќи ја изјавата на новиот американски претседател, порачаа дека треба да се почекаат контактите со новата американска администрација. Притоа портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, рече дека „претседателот Владимир Путин во неколку наврати изјави дека нема алтернатива соработката во доменот на борбата со тероризмот и неможноста една земја самостојно ефикасно да се справи со најзастрашувачкиот предизвик на XXI век“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.