Свет
САД создаваат пречки за враќање на сириските бегалци, смета руско-сириската Дирекција за меѓусекторска координација
САД спроведуваат пакет мерки за да спречат враќање на сириските бегалци во нивната земја, се вели во понеделничката заедничка изјава на руско-сириската Дирекција за меѓусекторска координација, пренесува ТАСС.
„И покрај колосалните напори да се создадат поволни услови за враќање на сириските граѓани во родната земја преземени од сириските власти, САД и нивните сојузници продолжуваат да спроведуваат цел пакет мерки, вклучително и невидена пропагандна кампања што е насочена кон спречување на бегалци на територијата на земјите соседи со Сирија “, се нагласува во соопштението.
„Сметаме дека е потребно да го свртиме вниманието кон на проценката на Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци во врска со можностите за враќање на граѓаните на Сириската Арапска Република од земјите на Блискиот Исток во нивната родна земја, според кои над 70 отсто ќе се вратат на местата на постојан престој. Во врска со тоа се појавува логично прашање зошто ова сè уште не се случило ” посочува документот.
Според дирекцијата, американската страна има корист од нестабилната состојба во Сирија за да продолжи да го оправдува своето незаконско присуство и да ги ограбува природните ресурси што му припаѓаат на сирискиот народ.
„Токму со оваа цел, информативните агенции контролирани од САД шират лажни вести за ситуацијата во Сирија, плашејќи ги Сиријците и спречувајќи го нивното враќање дома“, се вели во соопштението.
Во исто време, се посочува дека токму на територијата контролирана од американска страна во Североисточна Сирија се забележува брзо влошување на ситуацијата во бегалскиот камп „Ал-Хаул“, каде што остануваат активни припадници на терористичката Исламска држава.
„Со премолчана согласност од американската страна, милитантите организираа канал за испорака на оружје, муниција и средства за комуникација до логорот. Во ‘Ал-Хаул’ функционираат судови создадени од џихадистите. Сè почести се убиства на жители на кампот кои не го поддржуваат радикалниот екстремизам. Значително внимание се посветува на идеолошко перење на мозокот на малолетници за нивно радикализирање и зголемување на бројот на милитанти“, се нагласува во документот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

