Свет
САД тврдат: Русија составува списоци на Украинци кои ќе бидат убиени, киднапирани, испратени во кампови

Руските сили создаваат списоци на Украинци кои ќе бидат убиени или испратени во концентрациони логори во случај на инвазија, се вели во писмото го испратила шефицата за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, пишува „Вашингтон пост“.
Во писмото без датум се наведува дека неодамнешните информации сугерираат дека се планираат „ убиства, киднапирања, неправедни притворања и тортура“.
И американската амбасадорка во ОН Шебе Крокер предупредува дека руската инвазија на Украина ќе доведе до „катастрофално кршење на човековите права“.
Се наведува дека Русија најверојатно ќе ги таргетира руските и белоруските дисиденти во егзил во Украина, новинарите и активистите за борба против корупцијата и ранливите популации како што се верските и етничките малцинства и ЛГБТ-лицата.
Се појавија и нови детали за американските санкции, а „Ројтерс“ објави дека САД имаат намера да им забранат на американските финансиски институции да вршат трансакции за големите руски банки во случај на инвазија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран: Одмаздата против Израел почна

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА.
Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел, што Техеран го опишува како почеток на својата разорна одмазда за израелските напади.
„Пред неколку моменти, со лансирање на стотици различни балистички ракети кон окупираните територии, започна операцијата на решителен одговор на варварскиот напад на ционистичкиот режим“, објави официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Како што јави Хаарец, израелската армија најави дека ќе се огласат сирени за воздушен напад низ целата земја и ги повика граѓаните веднаш да одат во засолништата. Тие додаваат дека повеќе од 100 ракети биле лансирани од Иран, а сирените се огласиле низ Израел.
Главниот дописник на Гардијан за Блискиот Исток, Ема Греам-Харисон, известува од Тел Авив дека над градот се слушаат бројни пресретнувања на ракети. Eксплозии одекнаа во Ерусалим, јавува „Си-ен-ен“.
Огромни облаци од чад се издигнуваат над Тел Авив, видливи над облакодерите во центарот на градот.
Чадот е толку густ што целосно се надвива над високите згради околу него.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека бран ракети бил лансиран кон Израел.
„Нападот е во тек“, се вели во објавата.
Телевизијата Канал 13 известува за пожар во близина на седиштето на израелското Министерство за одбрана во Тел Авив, додека Израел Хајом јавува дека ракети паднале на седум различни локации во централниот дел на земјата.
Свет
Израел до Иран: Ако ги нападнете нашите градови, ќе возвратиме на рафинериите и лидерите на режимот

Израел му порача на Иран дека, во случај на напад на балистичка ракета врз израелски населби и цивилни цели, ќе одговори со гаѓање на иранските рафинерии и лидерите на режимот.
Како што изјави за „Канал 12“ висок израелски безбедносен функционер, Израел јасно му ставил до знаење на Техеран дека нема да толерира напади врз цивили и дека во тој случај цели ќе бидат стратешката инфраструктура и политичкото раководство на Иран.
Свет
Ројтерс: Луѓето на Трамп го предупредија Катар и неговите сојузници неколку часа пред израелскиот напад

Американскиот Стејт департмент однапред информирал неколку регионални сојузници на Блискиот Исток за планираниот израелски напад врз Иран, неколку часа пред почетокот на операцијата, тврдат тројца извори запознаени со ситуацијата, пренесува Ројтерс.
Во дипломатската нота испратена во четвртокот попладне, Стејт департментот потврдил дека израелскиот напад ќе се случи доцна во ноќта. Катар бил меѓу земјите кои го добиле предупредувањето.
Во пораката се наведува дека Вашингтон не учествувал во израелската операција ниту дал каква било поддршка. Се истакнува и дека претседателот Доналд Трамп јасно ја изразил својата желба за мир во регионот, но и цврстиот став дека на Техеран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.
За потсетување, Израел започна бран воздушни напади низ Иран ноќта меѓу четвртокот кон петокот, тврдејќи дека погодил нуклеарни локации, ракетни фабрики и високи воени команданти, што може да биде долготрајна операција чија цел е да се спречи Иран да развие атомска бомба.
Стејт департментот не одговори веднаш на барањето за коментар.