Свет
САД ја продолжија наредбата за протерување нелегални имигранти
Администрацијата на Доналд Трамп ја продолжи на одредено време наредбата со која им се дозволува на американските гранични служби да протеруваат нелегални имигранти повикувајќи се на загриженоста на јавното здравство во време кога пандемијата сè уште трае.
Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и спречување болести (ЦДЦ), го обнови претходниот налог со кој им се овозможува на граничарите да вратат нелегални имигранти во нивната земја на потекло или во земјата од која дошле.
ЦДЦ посочува дека јавните здравствени установи немаат капацитет да ги следат нелегалните имигранти и дека постои значајна загриженост дали ефикасно ќе ги спроведуваат мерките за изолација или на друг начин ќе ги спроведат мерките за социјално растојание.
Критичарите ја осудуваат одлуката тврдејќи дека Трамп ја користи пандемијата на коронавирусот за дополнително да ја истурка својата цел – борба против имиграцијата.
„Да не се залажуваме, целта на Трамп не е да го заштити нашето здравје, туку да направи поделба и да ја промовира својата политичка агенда“, рече Андреа Флорес, директор за имиграциска политика во Американската унија за граѓански слободи.
Во писмото до американската администрација 40 експерти за јавно здравје го оспорија образложението на ЦДЦ.
Во меѓувреме, САД и Канада се согласија да ја продолжат барем уште еден месец одлуката за затворање на нивната долга заедничка граница за сите патувања што не се од клучно значење.
Повеќето Канаѓани живеат во области во близина на границата долга 14.309 километри со САД, а заедниците од двете страни се тесно поврзани.
Границата меѓу САД и Мексико е исто така затворена за целиот сообраќај, кој не е од клучно значење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

