Европа
САД ќе испратат 1.000 војници во Полска по барање на Варшава

САД и Полска објавија дека ќе ја зголемат својата воена соработка со цел да се соочат со опасноста од руската територијална агресија.
Според новиот договор, Доналд Трамп вели дека ќе испрати дополнителни 1.000 војници во Полска, под услов Полска да плати за изградба на нова воена база.
Марчин Заборовски од Центарот за анализа на европската политика во Варшава изјави за „Добра утро Европа“ дека руската интервенција на Крим е причина за зголемената загриженост во Полска.
„Полска е до Украина, Украина и понатаму е воена област која беше нападната од Русија“, рече тој. „За првпат во Европа по Втората светска војна имаме територијална анексија, бидејќи Русија успешно присвои дел од друга земја во Европа. Ова е веднаш до Полска, а Полска има над еден милион Украинци кои се селат во Полска како последица на руската политика“.
Полскиот претседател Анджеј Дуда, исто така, размислува за купување борбени авиони Ф-35 од Вашингтон.
„Мислам дека полската политика за јавни набавки е многу неизбалансирана во овој момент“, рече Заборовски. „Тоа не беше кажано на директен начин, но од Полјаците се очекува да учествуваат во купување на американска опрема, која во овој момент не им е потребна. Полска има многу поитни потреби за јавни набавки во поглед на воздушната одбрана и одбрана од ракетни системи, која ја купува во мал број. Значи, се чини дека стратешкиот сојуз кој Полска сега го склучи со САД има комерцијален елемент. Сакате да бидете сојузник на Соединетите Американски Држави, мора да купите од Америка, така оди тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.