Свет
САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг
Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг го донесе законот за национална безбедност на територијата на Хонгконг.
„Тешко е да се согледа како Хонгконг ќе остане азиски финансиски центар доколку Кина ја преземе функцијата“, изјави Роберт О’Брајан за Ен-би-си, додавајќи дека тоа би било голема грешка од страна на Пекинг.
Тој предупреди дека во таков случај финансиската заедница нема да остане стационирана во Хонгконг.
О’Брајан објасни дека Стејт департментот нема да може да потврди дали Хонгконг го задржува високото ниво на автономија, а тоа, според него, ќе доведе до правни импликации.
„Ако ова се случи, ќе има санкции и за Хонгконг и за Кина. Кина зависи од капиталот од остатокот на светот“, рече О’Брајан.
„Ако преку Хонгконг го изгубат пристапот до него, тоа ќе биде голем удар за Си Џинпинг и Комунистичката партија на Кина“, додаде тој.
Пекинг објави нацрт-закон за национална безбедност кој предвидува формирање кинески разузнавачки агенции во Хонгконг. Документот ги зголеми стравувањата за судбината на формулата „една земја, два система“, која владее во Хонгконг откако поранешната британската колонија беше вратена под кинеска управа во 1997 година. Овој аранжман гарантира широки слободи за граѓаите на Хонгконг, кои не постојат во континентална Кина, вклучително и слободата на печатот и независно судство.
Police fire tear gas to disperse protesters in Causeway Bay of Hong Kong on Sunday. Protesters in defiance of social distance ban to take to street to denounce Beijing’s plan to impose national security law in the city. #nationalsecuritylaw #hongkong pic.twitter.com/1V5PLP4pKo
— EYEPRESS NEWS AGENCY (@eyepressnews) May 24, 2020
Поради ваквиот предлог-закон, во Хонгконг повторно избувнаа протести откако ситуацијата со коронавирусот предизвика затишје на оние кои претходно беа организирани поради контроверзниот закон за екстрадиција и блискота на властите во Хонгконг со официјален Пекинг.
„Денеска се уапсени најмалку 180 лица кои учествувале на нелегални собири“, се вели во полициското соопштение.
Полицијата ги осуди радикалните испади на некои демонстранти, кои, како што се наведува, кршеле излози на продавниците, фрлале шишиња од покривите и гаѓале со камења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко: Исходот од претседателските избори во Русија е сериозен сигнал за Западот
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги коментираше резултатите од претседателските „избори“ во Русија.
„Исходот од претседателските избори во Русија е сериозен сигнал за Западот, кој сметаше на протресување на ситуацијата во Русија одвнатре. Тие не можеа да го направат тоа на првата линија, па се обидоа да го направат тоа одвнатре, но и тие не успеаја“, рече Лукашенко, цитиран од државната агенција „БелТА“.
Лукашенко рече дека никој не може да ги принуди луѓето на Белорусија и Русија на ништо.
Тој се пофали како изборниот процес во Русија е добро организиран. „Природно, претседателот Путин мораше да работи многу, видовте. Тој неуморно патуваше низ цела Русија, посетуваше различни места и одговараше на виталните прашања на рускиот народ.
Процесот на планирање и селекција беше совршен. Има многу да се научи. Сите беа мобилизирани и консолидирани. Луѓето се патриоти и резултатот е совршен. Ова е лекција за нас“, рече претседателот на Белорусија.
Свет
Драма на лет за Лондон: Патник се обидел да се убие во тоалетот на авионот
Пилотот на авионот принудно слетал откако патник наводно се обидел да се самоубие за време на летот.
Патувањето од Бангкок до Лондон завршило драматично, откако стјуардесите наишле на страшна сцена. Наводно патникот бил пронајден во тоалетот во моментот кога се обидувал да стави крај на животот, пренесуваат медиумите.
Британскиот таблоид „Сан“ наведува дека на помош на патникот дошле стјуардесите и докторот кој се затекнал на летот. На мажот му била укажана прва помош по слетувањето и итно бил пренесен во болница на понатамошно лекување.
Компанијата „ЕВА“ потврди дека инцидентот се случил на летот „БР67 Бангкок-Лондон“.
Не е познато на кој аеродром во Лондон слетал авионот.
Регион
Неписмени гангстери: реакција на Милановиќ по одлуката на Уставниот суд
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментираше одлуката на Уставниот суд за неговата кандидатура.
Медиумите во регионот потсетуваат на одлуката на Уставниот суд во која е заклучокот дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија додека ја извршува својата функција. Претседателот на Уставниот суд,Мирослав Шепаровиќ му забранил да биде на избирачкиот список и на кој било начин да учествува во изборната кампања додека е претседател.
„Тоа го направија на гангстерски начин. Тие не ми можат ништо, но јас им можам. Тоа се сељаци, неписмени. Писмен човек, барем тој што завршил автошкола, има проблем со тоа“, рече тој.
Зоран Милановиќ потоа на насобраните во Вела Лука им ја прочитал одлуката на Уставниот суд.
„Најверојатно хрватскиот го научиле во автомеханичарска работилница. Според овие неписмени гангстери, тоа е забрането, но не е“, рече тој.
„Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да и кажувам на таа банда како. Ќе бидам кандидат на изборите, како што можев да бидам и на европските избори. Јас нема да си дадам мандат. Што е тука спорот, неписмени гангстери“, праша тој.
Собирот на ХДЗ во Лисински го нарече бал на вампирите. Тој рече дека во првите редови имало двајца ректори на државните универзитети.
„Со гангстерите ќе се справиме по изборите“ рече тој.