Европа
Салвини: Хипокритот Макрон треба да си ја затне муцката или да ги отвори границите

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, вербално го нападна францускиот претседател Емануел Макрон нарекувајќи го лицемер што ги враќа мигрантите додека на другите држави им држи лекции за отворени граници, пренесува „Брејтбарт“.
„Ние не слушаме лекции од лицемер“, изјави Салвини во четвртокот како одговор на изјавата на Макрон, која ги осуди националистите што проповедаат омраза.
Во вторникот Салвини се состана со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Милано по што двајцата лидери ветија дека ќе ја уништат глобалната структура на Европската Унија и ќе ја заменат со модел што ќе го почитува националниот суверенитет на земјите на ЕУ.
„Макрон во Европа е на чело на партиите што ја поддржуваат имиграцијата. Од друга страна, ние сме сами, но сакаме да ја спречиме илегалната имиграција“, изјави Орбан.
Во една објава на „Фејсбук“ во четвртокот Салвини напиша дека е време за Макрон да го прави тоа што го проповеда.
„Од почетокот на 2017 година до денес Франција на ‘добриот Макон’ врати повеќе од 48.000 мигранти на границите со Италија, вклучувајќи ги и жените и децата. Ова ли ќе бидат добредојдето и поддршката од Европа за кои зборуваат Макрон и ‘добрите луѓе’? Наместо да им држи предавања на другите, би го поканил лицемерниот француски претседател повторно да ги отвори границите и да ги прими илјадниците имигранти што вети дека ќе ги прифати. Италија повеќе не е бегалски камп на Европа. Рајот за трговците со луѓе и го нема веќе!“, напиша тој.
Според податоците на италијанската влада, Франција вратила 30.911 мигранти од границата со Италија во 2017 година, од кои 10.407 биле странци со важечка дозвола за престој во Италија (вклучувајќи 1.465 Пакистанци, 1.108 Малезијци, 840 Нигеријци, 832 Албанци). Дополнителни 20.504 биле илегалци (најчесто Суданци). Од 1 јануари до 28 август оваа година бројот на одбиени мигранти изнесува 17.476.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин