Свет
Само еден човек може да донесе мир: „Ако Путин престане да се бори, тоа е крајот на војната“
Повикот на унгарската влада за прекин на огнот во соседна Украина е циничен со оглед на тоа што големи делови од таа земја се окупирани од руските сили, изјави американскиот амбасадор во Будимпешта, Дејвид Пресман.
„Цинично е да се повикува на прекин на огнот кога не е твојата земја која е речиси 20 отсто окупирана од окупаторската армија“, рече тој.
Американскиот претставник не го наведе директно името на унгарскиот претседател Виктор Орбан, кој постојано повикува на прекин на огнот и мировни преговори, потег што критичарите велат дека ќе значи предавање на делови од украинската територија на Русија.
„Кога ќе слушнеме дека политичарите се залагаат за смирување маскирано во мир, да бидеме јасни: еден човек може да направи мир денес. Ако Путин престане да се бори, тоа е крајот на војната. Ако Украина престане да се бори, тоа е крајот на Украина“, рече Пресман.
Орбан, кој беше реизбран во 2022 година за четврти последователен мандат, рече дека членството во НАТО е „витално“ за Унгарија, но исто така рече дека неговата влада нема да испраќа оружје во Украина или да ги прекине економските врски со Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.